Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EXAConnecT II + I Originalbetriebsanleitung Seite 347

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-3302-001.book Page 347 Thursday, October 5, 2017 7:16 AM
Доколку се намали јачината на батеријата за резервно
напојување, на екранот 6 на базната станица се појавува
статусниот код EO (види „Статусен код", страна 348).
Заменете ја батеријата за резервно напојување уште за
време на работата, инаку постои опасност од губење на
податоци.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 341).
 Не ги допирајте деловите од базната станица што
спроведуваат напон, доколку за време на работата
сте го извадиле сервисниот или поклопецот за
одржување. Постои опасност од електричен удар.
– Извадете ја старата батерија 15 и ставете нова 1,5 V
стандардна микро ќелија AAA.
При ставањето на батеријата, внимавајте на половите
според сликата.
Менување на копчестата батерија за
часовникот за реално време (види слика N)
Литиумската батерија (3 V, CR 2032) служи за
перманентно напојување со струја на часовникот за
реално време (Real Time Clock, RTC).
– Разделете ја базната станица од напојувањето со струја.
– Извадете го сервисниот поклопец 7 (види
„Приклучување", страна 341).
– Свртете го заштитниот држач на страна и извадете ја
искористената копчеста батерија 20 од лежиштето 21.
– Ставете нова копчеста батерија во лежиштето и
внимавајте точно да ги поставите половите 21, додека
не кликне држачот над страничниот раб на копчестата
батерија.
– Повторно зашрафете го сервисниот поклопец 7 со
шрафовите со крстест жлеб 2 на куќиштето на базната
станица.
– Поврзете ја базната станица со напојувањето со струја.
– Во софтверот за конфигурација изберете го
табулаторот EXAConnecT.
– Кликнете на копчето Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот EXAConnecT Setup.
– Изберете го табулаторот Access Point Parameter.
– Во полето Clock Time Adjustment внесете го
актуелниот датум и актуелното време на часовникот
или изберете ја опцијата Taking over Date/Time from
PC.
– Во прозорецот EXAConnecT Setup кликнете на копчето
OK.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба на базната станица
 Прочитајте ги и внимавајте на упатствата за
употреба на индустриските батериски одвртувачи
(BT-EXACT/BT-ANGLE EXACT). Пред да може да ги
регистрирате зашрафувањата на базната станица, мора
да ја ставите наполнетата батерија во соодветниот
одвртувач.
Доколку притиснете еднаш на стартот за активација,
одвртувачот е во режим на подготовка. Ова се прикажува
со црвеното трепкаво BT-LED светло на одвртувачот.
– Отворете веб-пребарувач и во полето за адреса
внесете http://10.10.10.10.
▷ Софтверот ќе се вчита.
– Доколку е потребно, потврдете го сертификатот за
безбедност.
– Изберете го табулаторот EXAConnecT.
– Кликнете на копчето Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот EXAConnecT Setup.
– Изберете го табулаторот Screwdrivers, за да влезете во
менито за пријавување.
– Кликнете на копчето Search.
▷ Сите одвртувачи што се наоѓаат во режим на
подготовка (макс. 25) се прикажани на левата
страна. Ова може да трае до 30 секунди.
– Одберете одвртувач кој сакате да го пријавите и потоа
кликнете на копчето Connect.
▷ Одвртувачот ќе се прикаже на десната страна.
– Во прозорецот EXAConnecT Setup кликнете на копчето
OK.
▷ На одвртувачот ќе се прикаже врската со трајно
светење на BT-LED светлото.
Одвртувачот сега е блокиран.
– Изберете го табулаторот Overview.
▷ Одвртувачот ќе се прикаже во правоаголно поле со
ознака (види слика O).
▷ За секој пријавен одвртувач дополнително ќе се
прикаже еден табулатор сериски број [индекс на
одвртувач (0-6)] (на пр. 0000001 [0]) (види слика
O).
– Кликнете на ознаката за одвртувач во полето со ознака
Unlock на табулаторот на соодветниот одвртувач.
▷ Одвртувачот е активиран за поставеното
зашрафување.
Црвеното BT-LED светло се гаси и одвртувачот може
да се користи.
По успешното завршување на зашрафувањето
(стандардна вредност 5 x в.р.) одвртувачот повторно се
блокира автоматски. Подетални информации за ова ќе
најдете во упатството за употреба на софтверот,.
LED-прикази на базната станица
Под екранот 6 за приказ на статусниот код, се наоѓаат три
LED-прикази, кои ја сигнализираат состојбата на системот.
1 609 92A 43G | (5.10.17)
Македонски | 347

Werbung

loading