Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EXAConnecT II + I Originalbetriebsanleitung Seite 344

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-3302-001.book Page 344 Thursday, October 5, 2017 7:16 AM
344 | Македонски
Потребниот приклучен напон за едно копче или
прекинувач може да се повлече од напојувањето на I/O-
модулот или базната станица, бидејќи тука протекува
минимална струја.
Влезот на I/O-модулот се мери на секои 50 мс.
Поставените влезни сигнали не треба да пречекоруваат
времетраење на фазите од 100 мс, за да може со
сигурност да се препознаат.
Поврзување на дигиталните излези (види слика H)
Дигиталните излези на I/O-модулот е електронскиот
прекинувач (Power MOSFET) со мал On-отпор (< 0,1 ом).
Не се пренесува потенцијал, туку само се заземјува.
Затоа, напојувањето на уредите кои треба да се приклучат
треба да се овозможи со помош на надворешни
напони/единици за напојување.
Дозволените граници за приклучување се:
– Максимален напон на
приклучување:
28 V
– Максимална струја на
приклучување
2 A
Доколку со излезите на I/O-модулот се приклучат
дигитални влезови (со висок внатрешен отпор) на други
уреди (на пр. од еден SPS), мора да се користи
надворешна единица за напојување. Приклучниот напон
може да се одреди од напојувањето на I/O-модулот или
базната станица.
Кај електричните уреди (на пр. сигнални сијалички)
надворешните единици за напојување се неопходни,
бидејќи базната станица на нејзиниот 24-V излез може да
испорача максимум 420 мА.
Конфигурација на базната станица за I/O-модулот
– Отворете веб-пребарувач и во полето за адреса
внесете http://10.10.10.10.
▷ Софтверот ќе се вчита.
– Изберете го табулаторот EXAConnecT.
– Кликнете на копчето Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот EXAConnecT Setup.
– Изберете го табулаторот COM Port Devices.
– Поврзете го I/O-модулот:
Во полето на паѓачката листа изберете Device on COM1
или во полето на паѓачката листа Device on COM2
опцијата I/O Extensions (1x).
Поврзете два I/O-модули:
Во полето на паѓачката листа изберете Device on COM1
или во полето на паѓачката листа Device on COM2
опцијата I/O Extensions (2x).
– Кликнете на копчето COM 1/2 Parameter Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот Setup COM1/2.
– Во полето на паѓачката листа внесете ги следните
опции:
Baudrate: 57600
Data Bits: 8
Parity: N
Stop Bits: 1
– Кликнете на копчето Save.
1 609 92A 43G | (5.10.17)
– Во прозорецот EXAConnecT Setup кликнете на копчето
OK.
▷ Притоа, за сите регистрирани одвртувачи во
прозорецот Screwdriver Setup ги имате на
располагање табулаторите Screwdriver Settings и
Output Settings , за да може да поставувате други
влезови и излези.
Ознаките INn илиOUTn ги претставуваат влезовите или
излезите на I/O-модулот или модулите (n = број на
односниот влез/излез).
Приклучок за копчето за отпуштање
(види слика I)
Доколку сакате да заклучите или отклучите еден BT-
одвртувач со копчето за отпуштање (напр. за да
стартувате серија на зашрафувања), мора да приклучите
копче за отпуштање на базната станица. Копчето за
отпуштање 39 може да се приклучи, само доколку не е
приклучена програмска контрола (SPS).
Напонот мора да се спроведе од позитивен влез на
базната станица преку копчето за отпуштање и назад.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 341).
– Олабавете ја контра навртката 12 на средната десна
кабелска уводница 11 со вртење во правец спротивен
на стрелките од часовникот.
– Извлечете го крајот на кабелот 40 низ отворот на
кабелската уводница 12 кон терминалниот блок 18.
– Поврзете ја жицата на кабелот 40 на „+24V"-
терминалот на излезот за истосмерна струја и другите
жици на „IN+"-терминал на 24-V влез. Може да изберете
„IN1+", „IN2+", „IN3+" или „IN4+".
– На крај во базната станица поврзете една жица од
„GND"-терминалот на излезот за истосмерна струја со
соодветниот „IN–"-терминал на 24-V влез. Доколку
напр. сте приклучиле жица на кабелот 40 на „IN1+"-
терминалот на 24-V влез, мора да ги приклучите жиците
од„GND"-терминалот на „IN1–"-терминалот.
– Проверете дали е добро фиксиран кабелот. Потоа
повторно затегнете ја контра навртката 12 на
кабелската уводница 11 во правец на стрелките на
часовникот.
– На крај, на компјутерот мора да го конфигурирате
заклучувањето/отклучувањето на копчето за
отпуштање за секој поединечен одвртувач.
Напомена: Влезовите и излезите може слободно да се
програмираат (информациите за ова може да ги најдете во
упатството за употреба на софтверот).
Приклучок на бар-код скенер (види слика J)
На базната станица може да се приклучат максимум два
бар-код скенери 42, напр. за да може на BT-одвртувачите
да доделите различни програми на зашрафување.
RS422-интерфејсите се изведени без потенцијал и затоа е
потребно надворешно напојување со напон.
Bosch Power Tools

Werbung

loading