Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTC 600 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 246

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
246 | Македонски
црвен означувач на термалната слика. Ова го
олеснува пребарувањето на критични места (на пр.
лабави контактни терминали во разводната кутија).
За што е можно поточно мерење, фокусирајте го
мерниот објект во центарот на екранот (85 × 64 px).
На овој начин се прикажува соодветна
температурна вредност на овој мерен објект.
▪ <Ладна точка> (m): <ВКЛ.>/<ИСКЛ.>
Најладната точка (= мерен пиксел) се означува со
син означувач на термалната слика. Ова го
олеснува пребарувањето на критични места (на пр.
места на прозорец кои не дихтуваат). За што е
можно поточно мерење, фокусирајте го мерниот
објект во центарот на екранот (85 × 64 px).
▪ <Скала на бои> (h): <ВКЛ.>/<ИСКЛ.>
▪ <Просечна температура> (b): <ВКЛ.>/<ИСКЛ.>
Просечната температура (b) се прикажува горе
лево на термалната слика (просечна температура
на сите измерени вредности на термалната слика).
Ова може да Ви олесни да ја одредите
рефлектирачката температура.
– <WiFi> (e): <ВКЛ.>/<ИСКЛ.>
(види „Пренос на податоци", Страница 247)
– <Уред>
▪ <Јазик>
Во оваа точка на менито може да го изберете
јазикот што ќе се користи на приказот.
▪ <Време и дат.> (a)
За промена на времето и датумот на мерниот уред,
повикајте го подменито <Време и дат.>. Во ова
подмени, покрај поставката за време и датум може
да ги промените и нивните соодветни формати. За
да излезете од подменито <Време> и <Датум>,
притиснете или на десното функциско копче (9) за
да ги зачувате поставките, или на левото (16) за да
ги отфрлите промените.
▪ <Време на исклуч.>
Во оваа точка од менито може да изберете
временски интервал по кој мерниот уред
автоматски ќе се исклучи ако не се притисне ниту
едно копче. Исто така може да го деактивирате
автоматското исклучување доколку ја изберете
поставката <Никог.>.
▪ <Канал WiFi>
Во оваа точка од менито може да поставите друг
WiFi-канал.
▪ <Висок квал.на звук>
Во оваа точка од менито може да го прилагодите
квалитетот на снимената аудио датотека со помош
на гласовна белешка. Притоа, внимавајте на тоа
дека за подобар аудио квалитет е потребно повеќе
меморија.
▪ <Информ.за уредот>
Во оваа точка од менито можете да повикате
информации за мерниот уред. Таму ќе го најдете
серискиот број на мерниот уред и инсталираната
софтвер верзија.
▪ <Фабрички поставки>
Во оваа точка од менито можете да го ресетирате
1 609 92A 4UF | (14.01.2021)
мерниот уред на фабрички поставки и трајно да ги
избришете сите податоци. Ова може да потрае
неколку минути. Притиснете на копчето со стрелка
десно (10) за <Повеќе>, за да дојдете до
подменито. Потоа притиснете или на десното
функциско копче (9), за да ги избришете сите
податоци или на левото функциско копче (16), за
да го прекинете процесот.
За да излезете од менито и да се вратите до стандардниот
екран за приказ, може да го притиснете и копчето
Мерење (22).
Документирање на мерни резултати
Зачувување на мерни резултати
Веднаш по вклучувањето мерниот уред веднаш
започнува со мерењето и континуирано продолжува сѐ
до исклучување.
За да зачувате слика, насочете ја камерата на саканиот
мерен објект и притиснете на копчето Зачувај (13).
Сликата се зачувува во внатрешната меморија на
мерниот уред. Алтернативно, притиснете на копчето
Мерење (22) (пауза). Мерењето се замрзнува и се
прикажува на екранот. Ова Ви овозможува внимателно
разгледување на сликата и дополнително прилагодување
(на пр. палета на бои). Ако не сакате да ја зачувате
замрзнатата слика, ресетирајте го мерниот режим со
копчето Мерење (22). Ако сакате да ја зачувате сликата
во внатрешната меморија на мерниот уред, притиснете
на копчето Зачувај (13).
Снимање на гласовна белешка
За да ги утврдите околните услови или други
дополнителни информации за зачуваната термална
слика, може да снимите гласовна белешка. Таа се
зачувува дополнително на термалната и визуелната слика
и може подоцна да се пренесе.
Снимањето на гласовна белешка се препорачува за да се
обезбеди подобра документација.
Снимањето на гласовна белешка се врши во галеријата.
Постапете на следниот начин:
– Притиснете на левото функциско копче (16) за да се
отвори галеријата.
– Притиснете го копчето Func (8). Снимањето
започнува. Снимете ги сите релевантни информации.
– За да се заврши снимањето, повторно притиснете на
копчето Func (8) или на десното функциско копче (9).
– За да го прекинете снимањето, притиснете на левото
функциско копче (16). По снимањето можете да ја
слушнете гласовната белешка.
– За да се преслуша снимањето, повторно притиснете
го копчето Func (8). Снимањето се пушта.
▪ За да се паузира слушањето, притиснете на
десното функциско копче (9). За повторно да ја
пуштите паузираната снимка, повторно притиснете
го десното функциско копче (9).
▪ За да се стопира слушањето, притиснете на левото
функциско копче (16).
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis