Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTC 600 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 242

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
242 | Македонски
Термална камера
Вид на заштита (извадена батерија, во исправена
позиција)
дозволени околни услови
– Препорачана околна температура при полнење
– Оперативна температура
– при складирање со акумулаторска батерија
– при складирање без акумулаторска батерија
Препорачани акумулаторски батерии
Препорачани полначи
A) согласно норма VDI 5585 (средна вредност)
B) согласно норма VDI 5585
C) при околна температура од 20−23 °C и степен на емисија од > 0,999, мерно растојание: 0,3 m, оперативно време: > 5 min, апертура
од 60 mm
D) Додадено отстапување во зависност од користењето (на пр., рефлексија, растојание, околна температура)
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
F) во зависност од употребената батерија
G) при околна температура од 20–30 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
За јасна идентификација на Вашиот мерен уред служи серискиот број (3) на спецификационата плочка.
Монтажа
Полнење на акумулаторска батерија
(види слика A)
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија што
се користи за Вашиот мерен уред.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да обезбедите максимален капацитет на
батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
За ставање на наполнетата батерија (21) вметнете ја во
отворот за батерија (19), додека не слушнете да се
вклопи и не налегне на рачката на мерниот уред.
За вадење на акумулаторска батерија (21) притиснете на
копчињата за отклучување (20) и извлечете ја од отворот
за акумулаторска батерија (19). Притоа не
употребувајте сила.
Употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
1 609 92A 4UF | (14.01.2021)
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Внимавајте на правилната аклиматизација на
u
мерниот уред. При големи температурни осцилации
времето на аклиматизација може да изнесува
до 60 мин. Ова може на пример да се случи ако го
чувате мерниот уред во ладен автомобил и потоа
спроведувате мерење во топла зграда.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силните надворешни влијанија и при
девијации во функционалноста, мерниот уред треба да
се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За мерење, отворете го заштитното капаче (1). За време
на работата, внимавајте на тоа инфрацрвениот сензор
да не се затвори или покрие.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (11). На екранот (17) се
појавува стартна секвенца. По стартната секвенца,
мерниот уред веднаш започнува со мерењето и
континуирано продолжува сѐ до исклучување.
Напомена: во првите минути, мерниот уред може
почесто самостојно да се приспособува бидејќи
температурата на сензорот и околната температура сè
уште не се прилагодени. Новото приспособување на
сензорот овозможува прецизно мерење.
GTC 600 C
IP 54
0 ... +35 °C
–10 ... +45 °C
–20 ... +50 °C
–20 ... +70 °C
GBA 10,8 V
GBA 12 V
GAL 12...
GAX 18...
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis