2.3 ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не палете го моторот во затворен
простор каде може да се соберат
опасни јаглерод моноксидни гасови.
Операциите за палење треба да се
изведат на отворено или во простор
којшто добро се проветрува. Запомнете
дека издувните гасови се отровни.
• Кога ја палите машината, не насочувајте
го придушувачот, а со тоа и издувните
гасови кон запаливи материи.
• Не користете ја машината во средина
каде постои ризик од експлозија,
во присуство на запаливи материи,
гасови или нечистотија. Електричните
контакти или механичките делови може
да генерираат искри кои може да ги
запалат правот или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина
или при добро вештачко осветление
и при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и
животните од областа за работа.
Неопходно е децата да бидат под
надзор на друго возрасно лице.
• Проверете дали други лица се наоѓаат
најмалку на 15 метри оддалеченост
од опсегот на работа на машината;
• Избегнувајте кога е можно да
работите на мокар и лизгав терен или
на терени кои се многу нерамни или
закосени и не гарантираат стабилност
на корисникот при работата;
• Обрнете особено внимание на
нерамнините на теренот (грутки, канали),
закосувањата, сокриени опасности и
на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство
на стрмнини, дупки или препреки.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината
се користи во близина на пат.
• За да се избегне ризикот од инциденти,
не оставајте ја машината со топол
мотор во лисја и сечена трева, или
меѓу други запаливи материјали.
Однесување
• Во текот на работата, машината секогаш
мора да се држи цврсто со двете раце
(со тоа што левата рака е поставена на
предниот ракофат, а десната на задниот
независно дали операторот е левучар
или десничар) и подалеку од телото..
• Заземете цврста позиција и
одржувајте внимателен пристап.
• Избегнувајте користење на скалила
или нестабилни
• Избегнувајте да работите сами или
целосно изолирани за да може да
побарате помош во случај на инцидент.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Обрнете внимание да не удирате
силно во страни тела/пречки со лостот
заради можна проекција на струготини
предизвикани од оштетување на синџирот.
Ако лостот удри во пречка, може да
предизвика контраудар. Повратен
удар се добива кога крајните точки на
синџирот се судруваат со предмет или
кога дрвото го притиска или блокира
синџирот при сечење. Овој контакт на
крајните делови на синџирот може да
предизвика многу брзо отскокнување
во разни правци, буткајќи го водечкиот
лост нагоре и кон корисникот, а тоа се
случува кога синџирот се блокира долж
предниот дел на лостот. Во обата случаја,
противударот може да предизвика
губење контрола врз моторната пила со
можни тешки последици. За да избегнете
противудар, преземете ги следните
одредени мерки на претпазливост:
– Држете ја пилата цврсто, со палците
и прстите околу рачките на пилата со
синџир и ставајќи ги телото и рацете
во позиција која ви дозволува да ги
издржите ударите на противударот.
– Не држете ги рацете многу далеку и не
сечете над висината на рамениците.
– Користете ги водилките на лостот
и синџирот само за работи што
ги посочил производителот.
– Придржувајте се до упатствата
на производителот во однос
на острењето и одржувањето
на пилата со синџирот.
• Избегнувајте изложување на прашина
и на пилевина што ги произведува
синџирот при сечењето.
• Не допирајте ги деловите на моторот
што се загреваат во текот на
работата. Ризик од опекотини.
•
Во случај на дефект или инциденти
во текот на работата, веднаш исклучете
го моторот и оддалечете ја машината
внимавајќи да не предизвикате други
оштетувања. Во случај на инцидент со
лична повреда или повреда на трето
лице, пристапете веднаш кон постапката
за давање најсоодветна прва помош
за дадената состојба и обратете се во
соодветен центар за здравствена заштита
за неопходно лекување. Отстранете
ги темелно сите остатоци од косењето
MK - 3
платформи.