mk
+
Fig. 13: Заптивна комора: Замена на масло
9.6.8
Замена на разладно средство
726
Сервисирање
+
Дополнете масло во заптивната комора
-
Испуштете масло од заптивната комора
‡
Поставена е заштитна опрема!
‡
Пумпата е демонтирана и исчистена (и по потреба, деконтаминирана).
1. Поставете ја пумпата вертикално на цврста
подлога.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на дланките.
Осигурете се дека пумпата нема да падне или да се излизга!
2. Поставете соодветни резервоари за собирање на работниот материјал.
3. Одвртувајте го шрафот за затворање (+) полека и нецелосно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прекумерен притисок во моторот! Ако слушнете звук
-
на испуштање воздух или свирење, не вртете повеќе! Почекајте
притисокот да се испушти целосно.
4. Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете го шрафот (+).
5. Одвртете го шрафот за затворање (-) и испуштете го работниот материјал.
Кога на отворот за испуст има затворачка куглеста славина, отворете ја
славината.
6. Проверете го работниот материјал: Ако во работниот материјал пронајдете
метална пилевина, контактирајте ја службата за односи со корисниците!
7. Кога на отворот за испуст има затворачка куглеста славина, затворете ја
славината.
8. Исчистете го шрафот за затворање (-), ставете нов заптивен прстен и
повторно завртете го. Макс. вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
9. Полнете со нов работен материјал преку отворот со шрафот за затворање (+).
⇒ Придржувајте се до податоците за видот и количината работен
материјал!
10.Исчистете го шрафот за затворање (+), ставете нов заптивен прстен и
повторно завртете го. Макс. вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.
WILO SE 2019-01