Кабелот за етернет е изборен додаток. За да купите кабел за етернет, контактирајте со овластен продавач.
ЧПП
Како да ги вратам фабричките поставки?
Кога насочувачот е вклучен, притиснете го копчето за Ресетирање околу 3 секунди со остар предмет додека
сијаличката за напојување не се исклучи. Враќањето на фабричките поставки ќе ги обнови поставките на
стандардните вредности. Може да ги конфигурирате повторно откако насочувачот ќе се обнови.
Што да направам ако ја заборавам лозинката за Wi-Fi или лозинката за најавување за
страницата за управување преку веб?
Вратете го насочувачот на фабричките поставки, па користете ги стандардната лозинка и лозинката за
најавување за Wi-Fi за да се обидете повторно.
Што да направам ако сијаличката РЕЖИМ свети црвено или ако не може да се
воспостави поврзување на интернет?
1 Проверете дали е ставена SIM-картичката. Видете во делот Поставување за точната големина на SIM-
картичката и за правилниот начин на ставање во отворот.
2 Ако проблемот продолжи да се појавува, вратете го насочувачот на фабричките поставки и обидете се
повторно.
3 Контактирајте со операторот за да проверите дали SIM-картичката функционира. Ако се работи за нова
картичка, проверете дали е активирана.
Што да направам ако брзината на интернет е мала?
1 Проверете ги сијаличките за сигнал на насочувачот. Ако покажува дека сигналот е слаб, приспособете ја
насоката на насочувачот или преместете го поблиску до прозорецот за да го подобрите приемот на сигналот.
2 Ако уредот е поврзан на насочувачот преку Wi-Fi, приспособете ја положбата на уредот за да добиете подобар
сигнал.
3 Префрлете на Wi-Fi на 5 GHz ако поддржува уредот.
4 Престартувајте ги насочувачот и уредот, па обидете се повторно.
5 Проверете дали сте го достигнале ограничувањето за податочен сообраќај за месецот. Ако сте го достигнале,
операторот може да ја ограничи брзината на интернетот.
Како можам да се поврзам со насочувачот со користење WPS (Поставување заштитена
мрежа Wi-Fi)?
За да поврзете уред со овозможено WPS со насочувачот со користење на копчето за Hi/WPS:
1 Притиснете го и задржете го копчето за Hi/WPS на насочувачот најмалку 1 секунда, па отпуштете го и
сијаличката за Wi-Fi ќе почне да трепка.
2 Овозможете WPS на вашиот уред во рок од 2 минути за да се поврзете со мрежата Wi-Fi на насочувачот.
Зошто не можам да пристапам до страницата за управување со насочувачот преку веб?
1 Уверете се дека компјутерот е поврзан со насочувачот преку кабел за етернет или преку Wi-Fi.
2 Уверете се дека компјутерот е поставен автоматски да добива ИП-адреса и адреса на сервер DNS.
3 Престартувајте го прелистувачот или обидете се со друг прелистувач.
MAIN
DIV
LAN1
LAN2/WAN
TEL
179