Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EXACT 4 Originalbetriebsanleitung Seite 201

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EXACT 4:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-529-002.book Page 201 Monday, December 9, 2013 1:37 PM
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат исклучна спојка која
зависи од вртежниот момент, и се подесува
во дадените граници. Таа реагира доколку
се постигне подесениот вртежен момент.
Напомена: Доколку го употребувате одвртувачот со
струјниот адаптер, најпрво мора да го активирате
регулаторот на напон.
За Вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 до крај.
Електричниот апарат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
 Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување
6 се ослободи предвреме, претходно подесениот
вртежен момент нема да се постигне.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Подесување на вртежниот момент (види слики H–I)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување 21 што е
испорачан со уредот.
Турнете го лизгачот 10 од електричниот апарат комплетно
наназад. Вметнете го алатот за поставување 21 во
прифатот за алат 8 и полека свртете го. Веднаш штом
забележите мала испакнатина (плочка за подесување 22)
на спојката, вметнете го алатот за поставување 21 во оваа
испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Извадете го алатот за поставување 21. Турнете го лизгачот
10 повторно нанапред, за да ја заштитите спојката од
нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и може да се одреди со практичен обид.
Проверете го зашрафувањето со клуч за вртежен момент.
 Вртежниот момент поставете го само во наведените
граници на јачина, инаку нема да одговара на
исклучната спојка.
Bosch Power Tools
Обележување на поставките на вртежниот момент
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, прстенот за обележување 7 може да го замените
со друг прстен за обележување во друга боја. Доколку, на
пример, користите неколку EXACT-електрични уреди со
вртежен момент од 4,5 Nm, може да ставите црвени
прстени за обележување за означување на вртежниот
момент. Доколку користите други EXACT-електрични
апарати во друго поле на монтажа, чиј вртежен момент е
подесен на 7,5 Nm, може да ставите прстен за
обележување во друга боја (црн, син, зелен или жолт), за
да го означите вртежниот момент во ова поле. Прстените
за обележување во различна боја се смислени за помош
на монтерите, за брзо да може да ги препознаат, кој
вртежен момент е поставен за односниот електричен
апарат. Притиснете го прстенот за обележување 7 со
тенок одвртувач, шпатула или слично.
Секогаш користете го електричниот апарат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
LED-приказ
Приказ на наполнетоста на батеријата
Доколку е потребно полнење на батеријата 5,
LED-приказот 2 трепка зелено и се слуша
акустичен сигнал. Можни се само
зашрафувањата 6 –8.
Доколку LED-приказот свети црвено, капацитетот нема да
биде доволен за ново зашрафување на спојници или
електричниот апарат е преоптоварен. Електричниот
апарат не може да се вклучи. Блокадата при вклучување
останува активна, сè додека не се извади батеријата од
електричниот апарат и повторно не се стави наполнета
батерија.
Доколку работите со струен адаптер, црвениот LED-
приказ 2 покажува преоптоварување.
Скратеното време на работа на електричниот апарат по
полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора
да се замени. Употребените батерии отстранете ги според
законските/одредбите во зависност од земјата.
Приказ за зашрафување на спојниците
Со постигнување на претходно поставениот
вртежен момент, исклучната спојка се
отпушта. LED-приказите 1 светат зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот 1 свети црвено и се слуша
акустичен сигнал. Зашрафувањето на спојниците мора да
се изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при зашрафувањето на спојниците се отпушти
исклучната спојка, моторот се исклучува. Повторното
вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза.
Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе
фиксираните спојници.
Македонски | 201
3 609 929 C61 | (9.12.13)

Werbung

loading