OBJ_BUCH-529-002.book Page 196 Monday, December 9, 2013 1:37 PM
196 | Македонски
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
Во екстремни оперативни или температурни услови,
батериите може да протечат. Избегнувајте контакт
со кожата или очите доколку батеријата протекла.
Течноста од батеријата содржи киселина и може да
предизвика хемиски изгореници на ткивата. Доколку
течноста дојде во контакт со кожа, веднаш измијте ја со
сапун и вода и потоа со сок од лимон или оцет. Доколку
течноста доспее во очи, плакнете ја најмалку 10 минути
и веднаш побарајте помош од лекар.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот производ. При користење на други батерии,
на пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови, мутери и други затворачи со
навој во дадените граници на димензии и моќност.
Електричниот апарат не е погоден да се користи како
дупчалка; за да ги избегнете личните повреди и
материјалните штети, никогаш не треба да го користите
електричниот апарат со исклучна спојка за дупчење.
Технички податоци
Индустриски батериски одвртувач EXACT
Број на дел/артикл 0 602 ...
макс. вртежен момент при зашрафување во цврсти/меки
материјали според ISO 5393
Број на празни вртежи n
0
Номинален напон
Правец на вртење
Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003
Вид на заштита
3 609 929 C61 | (9.12.13)
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 LED-приказ на зашрафувањето на спојниците
2 LED-приказ на наполнетоста на батеријата
3 Прекинувач за менување на правецот на вртење
4 Копче за отклучување на батеријата*
5 Батерија со APT-приклучен контакт*
6 Прекинувач за вклучување/исклучување
7 Прстен за обележување
8 Прифат на алатот
9 Алат за вметнување (напр. битови за одвртувач)
10 Лизгач за избор на вртежен момент
11 Полнач*
12 Струен приклучок*
13 Зелени LED-прикази на полначот*
14 Црвени LED-прикази на полначот*
15 Приклучен конектор за струен адаптер на 4EXACT*
16 D-Sub-приклучок*
17 Шрафови на D-Sub-приклучок*
18 Струен адаптер
19 Брзо променлива глава*
20 Работно светло
21 Алат за подесување
22 Плочка за подесување
23 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
2
... 490 433
... 490 437
Nm
2/2
-1
min
600
V
9,6
кг
0,8
IP 20
4
6
... 490 431
4/4
6/6
900
600
9,6
9,6
0,8
0,8
IP 20
IP 20
Bosch Power Tools