Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Carrier SensatION 42QHB07D8S Installationsanleitung Seite 158

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 262
7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
големината на полнењето е во согласност со големината на просторијата во којашто се монтирани
деловите што содржат средство за ладење;
машинеријата и отворите за вентилација работат соодветно и не се блокирани;
ако се користи индиректно коло за вентилација, секундарното коло ќе се провери за присуство на
средство на ладење; а ознаките на опремата и понатаму се видливи и читливи.
ознаките и знаците што се неразбирливи ќе се поправат;
цевката за ладење или составните делови се монтираат во позиција во којашто не е веројатно дека ќе
бидат изложени на каква било супстанца што може да предизвика корозија на составните делови што
го содржат средството за ладење, освен ако составните делови не се направени од материјали што се
природно отпорни на корозија или се соодветно заштитени од неа.
7.9 ПРОВЕРКИ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ УРЕДИ
Поправката и одржувањето на електричните составни делови треба да вклучува почетни безбедносни
проверки и постапки за инспекција на составните делови. Доколку постои дефект што може да ја загрози
безбедноста, тогаш колото нема да биде поврзано со електрично напојување додека истиот соодветно не
се реши. Ако дефектот не може веднаш да се поправи, но е неопходно да се продолжи со работа, ќе се
употреби соодветно привремено решение. Ова ќе се пријави кај сопственикот на опремата за сите страни
да бидат известени.
Почетните безбедносни проверки треба да опфатат:
дека кондензаторите се испразнети: ова треба да се направи на безбеден начин за да се избегне
можноста од искрење
дека електрични составни делови и жици под напон не се изложени при полнење, враќање или чистење
на системот;
дека има континуитет во заземјувањето.
7.10 ПОПРАВКИ НА ЗАПЕЧАТЕНИТЕ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ
10.1 При поправки на запечатените составни делови, сето електрично напојување ќе се исклучи од
опремата врз којашто се работи пред да се отстранат запечатените капаци и сл. Ако е апсолутно
неопходно опремата да има електрично напојување при сервисирањето, тогаш форма за откривање
на протекувањето што е во постојана употреба ќе се смести на најкритичната точка за да предупреди
за можна опасна ситуација.
10.2 Особено внимание ќе се посвети на следново за да се обезбеди дека при работата врз електричните
составни делови, куќиштето не е изменето на таков начин што има влијание врз нивото на
заштита. Ова опфаќа оштетување на кабли, прекумерен број на поврзувања, терминали што не се
направени според оригиналната спецификација, оштетување на тапите, неправилно вградување на
приклучоците итн.
Уверете се дека апаратот е безбедно монтиран.
Уверете се дека тапите и материјалите за запечатување не се оштетени до таа мера што веќе не
служат на намената за спречување на појавата на запаливи атмосфери. Резервните делови треба да
се во согласност со спецификациите на производителот.
ЗАБЕЛЕШКА: Употребата на силикон може да ја намали ефикасноста на некои типови опрема за детекција
на протекување. Составните делови со внатрешна заштита не мора да се изолираат пред работата врз нив.
7.11 ПОПРАВКИ НА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ СО ВНАТРЕШНА ЗАШТИТА
Не нанесувајте трајни индуктивни или капацитивни оптоварувања врз колото без да се уверите дека
тоа нема да ги надмине дозволениот напон и струја за опремата што се користи. Составните делови
со внатрешна заштита се единствените типови врз кои може да се работи под напон и во присуство на
запалива атмосфера. Апаратот за тестирање треба да биде со правилна јачина. Менувајте ги составните
делови само со деловите одредени од производителот. Други делови може да предизвикаат палење на
средството за ладење во атмосферата поради протекување.
17

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis