1. ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ
1.1 МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Монтирањето, вклучувањето и сервисирањето на опремата за климатизирање може да биде опасно поради
системскиот притисок, електричните компоненти и локацијата на опремата (покриви, подигнати структури
итн.).
Само обучени, квалификувани монтери и сервисери треба да ја инсталираат, вклучуваат и да ја користат
оваа опрема.
Кога се работи на опремата, треба да се почитуваат мерките на претпазливост дадени во упатствата и во
ознаките, налепниците и етикетите прикачени на опремата.
Следете ги сите безбедносни норми. Носете заштитни очила и ракавици. Додека лемите, имајте крпа и
апарат за гаснење пожар во близина. Внимателно ракувајте, местете и поставувајте ја гломазната опрема.
Темелно прочитајте ги овие упатства и следете ги сите предупредувања или мерки на претпазливост
дадени во упатствата и прикачени на единицата. Погледнете ги локалните норми за градба и
националниот електричен кодекс за посебни барања.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој симбол укажува на можноста за повреда на персоналот или губење на животот.
Ладилниот гас е потежок од воздухот и го заменува кислородот. Масовното истекување може да
доведе до осиромашување на кислородот, особено во подруми и може да се случи несреќа со
задушување што би довело до сериозни повреди или смрт.
Кога клима уредот е монтиран во мала соба, обезбедете соодветни мерки за да се уверите дека
концентрацијата на протечено средство за ладење во собата не го надминува критичното ниво.
Ако ладилниот гас протече при монтажата, веднаш проветрете ја областа.
Ладилниот гас може да произведе токсичен гас ако дојде во контакт со оган, како на пример од греалка,
шпорет или уред за готвење. Изложеноста на овој гас може да предизвика сериозна повреда или смрт.
Исклучете го уредот од електричната мрежа пред вршењето на каква било електрична работа.
Правилно поврзете го кабелот за поврзување.
Погрешното поврзување може да резултира со оштетување на електричните делови.
Користете ги одредените кабли за електричните врски и цврсто прикачете ги жиците на делот за
поврзување на клемата, така што надворешната сила нема да притиска на терминалот.
Не заборавајте да обезбедите заземјување.
Не заземјувајте ги уредите на цевки за гас, цевки за вода, громобрани или телефонски жици.
Некомплетното заземјување може да предизвика сериозна опасност од електричен удар од што може да
дојде до повреда или смрт.
Безбедно ослободете се од материјалите од пакувањето.
Материјалите за пакување, како што се шајките и други метални или дрвени делови, може да
предизвикаат убоди или други повреди. Распарчете ги и фрлете ги пластичните кеси за пакување за
децата да не си играат со нив. Децата кои си играат со пластични кеси се соочуваат со опасност од
задушување.
Не монтирајте опрема близу до концентрации на запаливи гасови или до испарувања од гас.
Бидете сигурни да ги употребите испорачаните или точно определените монтажни делови.
Употребата на други делови може да доведе до олабавување на уредот, протекување вода, струен
удар, пожар или оштетување на опремата.
Кога го инсталирате или преместувате системот, не дозволувајте да влезе воздух или
каква било друга супстанца во колото за ладење, освен утврденото средство за ладење
(R32).
Никогаш не менувајте ја единицата со отстранување на некое од заштитните средства или
со прескокнување на безбедносните прекинувачи за блокирање.
Електричната работа треба да се врши во согласност со упатството за монтажа и
националните, државните и локалните норми за електрично поврзување.
03