– Дали прописно се поставени електричните
приклучоци?
– Дали се правилно прицврстени механичките
составни елементи?
▪ Проверете го управувањето со нивото:
– Дали пливачкиот прекинувач може да се движи
слободно?
– Проверете го ниво на прекинување (вклучена
пумпа, исклучена пумпа, минимално ниво на
водата)?
– Дали е инсталирана дополнителна заштита од
работа на суво?
▪ Проверете ги работните услови:
– Мин./макс. Дали ја проверивте температурата на
медиумот?
– Дали ја проверивте макс. длабочина на
потопување?
– Дали е дефиниран работниот режим согласно
минималното ниво на водата?
– Дали се придржувате до макс. зачестеност на
вклучување?
▪ Проверете го местото на поставување/работната
просторија:
– Дали има таложење во цевководот од
притисочната страна?
– Дали приливот или пумпнаата јама се исчистени и
дали во нив има таложење?
– Дали се отворени сите засуни?
– Дали е дефинирано и надгледувано минималното
ниво на вода?
Хидрауличното куќиште мора да е целосно
исполнето со транспортираниот медиум и не смее
во хидрауликата да има воздушни перничиња.
НАПОМЕНА! Кога постои опасност од создавање
воздушни перничиња во постројката, земете
предвид уреди за нивно издувување!
7.5
Вклучување и исклучување
За време на процедурата на стартување,
номиналната струја се пречекорува само
краткотрајно. За време на нормалната работа,
номиналната струја не смее да се пречекорува.
ВНИМАНИТЕЛНО! Кога пумпата не стартува, веднаш
исклучете ја. Прво отстранете го дефектот пред
повторно да ја вклучите!
Пумпите со преносливо поставување треба да се
постават на цврста основа. Ако пумпата паднала,
прво наместете ја пред повторно да ја вклучите.
Цврсто зашрафете ја пумпата кога основата е
проблематична.
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa UNI
Пуштање во работа
7.6
Пумпа со вграден пливачки прекинувач и утикач
▪ Монофазна изведба: По приклучувањето на утикачот
во дозната, пумпата е подготвена за работа. Пумпата
се вклучува или исклучува автоматски во зависност
од нивото.
▪ Трифазна изведба: По приклучувањето во дозната,
пумпата е подготвена за работа. Управувањето на
пумпата се прави со два прекинувачи:
– РАЧНО/АВТО: Утврдување дали пумпата ќе се
вклучи и исклучи директно (РАЧНО) или во
зависност од нивото (АВТО).
– ON/OFF: Вклучување и исклучување на пумпата.
Пумпа со вграден утикач
▪ Монофазна изведба: По приклучувањето на утикачот
во дозната, пумпата се вклучува.
▪ Трифазна изведба: По приклучувањето во дозната,
пумпата е подготвена за работа. Пумпата се вклучува
и исклучува преку прекинувачот ON/OFF.
Пумпи со слободен крај на кабелот
Пумпите мора да се вклучуваат и исклучуваат преку
одделна контролна единица обезбедена од
корисникот (прекинувач за вкл./искл, приклучна
табла).
За време на работата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исекување на рацете поради ротирачки
делови!
Работниот простор на пумпата не е предвиден
како простор каде што ќе минуваат сите! Постои
опасност од (тешки) повреди поради ротирачки
делови! Не смее никој премногу да се задржува во
работниот простор кога се вклучува и додека
работи пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки
површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време
на работата. Може да се изгорите. По исклучување
треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
mk
403