5.3 Упатства за сервисирање
Благодарение на дизајнот на производот,
сервисирањето е лесно во случај на дефект или
блокирана пумпа.
Роторот е заглавен
1. Исклучете го напојувањето со ел. енергија.
2. Отшрафете го капакот.
3. Завртете ја осовината на моторот надесно и
налево со шрафцигер вметнат во отворот на
крајот на осовината за да го ослободите
роторот од нечистотии.
4. Поставете го капакот и вклучете го
напојувањето со ел. енергија за да проверите
дали роторот може слободно да ротира.
Работење со помош на ел. бушилка
Ако производот не може да работи на ел.
енергија, исклучете го напојувањето со ел.
енергија и испразнете го резервоарот со помош
на eл. бушилка.
Туѓо тело во резервоарот
1. Ако нивото на водата во резервоарот е над
прирабницата на моторот, исклучете го
напојувањето со ел. енергија и испразнете го
резервоарот со помош на црево за
дренирање.
2. Отшрафете го капакот.
3. Извадете ги четирите шрафа од прирабницата
на моторот.
4. Подигнете ја прирабницата на моторот за да ја
намалите компресијата на О-прстенот.
Ставете шрафцигер во вдлабнатината под
кабелот за снабдување со ел. енергија и
притиснете го надолу.
5. Подигнете ја целосно единицата на мотор и
пумпа за рачките.
Подигнете ја единицата вертикално
пред да ја наведнете!
6. Исчистете ги и проверете ги резервоарот и
роторот.
Проверете дали работи правилно приклучокот
за притисок (внимателно притиснете ја
дијафрагмата) пред да го наместите капакот.
170
Заглавен е приклучокот за притисок
Единицата на приклучокот за притисок може да
се извади одделно.
1. Ако нивото на водата во резервоарот е над
прирабницата на моторот, исклучете го
напојувањето со ел. енергија и испразнете го
резервоарот со помош на црево за
дренирање. Видете ја сликата 3,1 во
додатокот.
2. Отшрафете го капакот.
Завртете ja спојницата на бајонетот за 10°
надесно.
Извлечете го целосно приклучокот за
притисок.
3. Проверете ја и исчистете ја дијафрагмата на
приклучокот за притисок.
Проверете дали работи правилно приклучокот
за притисок (внимателно притиснете ја
дијафрагмата) пред да го наместите капакот.
4. Подмачкајте го седлото на О-прстенот на
приклучокот за притисок во прирабницата на
моторот за полесно поставување.
Јаглероден филтер
Заменувајте го јаглеродниот филтер еднаш
годишно за да обезбедите задоволително
функционирање на филтерот.
Наместо користење јаглероден филтер,
Sololift исто така може да се
обезвоздуши преку цевка за
обезвоздушување. Во овој случај е
потребен вентил за обезвоздушување.
Број на производ: 98059587.