2. Добивање на производот
2.1 Транспортирање на производот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
дробење опасност
Смрт или сериозна телесна повреда
- При транспорт ставете една над
друга најмногу две палети.
3. Монтирање на производот
Инсталирањето мора да го изврши
специјално обучени лица и според
локалните регулативи.
Немојте да го влечете или кревате
производот држејќи го за кабелот за
напојување со електрична енергија.
3.1 Машинска инсталација
До производот мора да има пристап за
одржување и поправка.
Производот мора да се постави во просторија
каде што нема мрзнење за да се спречи
замрзнување на испумпаната течност.
Погрижете се сите надворешни цевки да бидат
соодветно изолирани.
Одводната цевка мора да биде направена од крут
материјал, како на пр. бакар или од крут ПВЦ
материjал со споеви заварени со растворувач.
За да се спречи пренос на вибрации на објектите,
погрижете се цевките да бидат темелно
фиксирани, а спојниците да не можат да се
движат и да не бидат во контакт со деловите од
објектот.
168
3.2 Електричен приклучок
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Заштитното заземјување (PE) на
приклучницата на штекерот мора да
биде поврзано со заштитното
заземјување на производот.
Приклучокот мора да го има истиот
РЕ систем за поврзување како оној на
приклучницата на штекерот.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Инсталацијата мора да се постави со
вградување на уред за резидуална
струја (RCD) со струја на
исклучување помала од 30 mA.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Производот мора да биде поврзан на
надворешен главен прекинувач со
минимален контактен јаз од 3 mm
(0,12 инчи) во сите полови.
Електричното поврзување мора да го
изврши овластен електричар.
Погрижете се производот да одговара на напонот
на мрежата и фреквенцијата достапна на местото
на инсталација.
Термалниот прекинувач ја прекинува работата на
моторот во случај на прегревање и повторно го
пушта во погон автоматски откако ќе се излади.