8.4.1
Монтажа на ѕид или на под
Упатство за вградување и работа Wilo-EMU TR 14-40
Отстранување од употреба
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога погонот за мешање се употребува за медиуми опасни по здравјето,
постои ризик по животот.
• Деконтаминирајте го погонот за мешање по демонтажа и пред секоја
работа.
• Внимавајте на податоците за работните правила. Раководителот мора да
се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните правила.
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност за повреди по рацете и стапалата и опасност од паѓање
поради недостаток од заштитна опрема!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
• Заштитни чевли
• Спрега за заштита од пад
• Доколку дојде до потреба од опрема за подигнување товар, мора да се
носи и заштитен шлем!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време на работата. Може да се
изгорите. По исклучување треба да оставите моторот да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на погонот за мешање. Осигурете се дека погонот за мешање нема да се
заглави за време подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја
максимално дозволената носивост на опремата за подигнување! Проверете ја
опремата за подигнување дали функционира беспрекорно!
‡
Погонот за мешање е отстранет од употреба.
‡
Работната просторија треба да биде испразнета, исчистена и ако е потребно
треба да се дезинфицира.
‡
Погонот за мешање треба да биде темелно исчистен и ако е потребно
дезинфициран.
mk
715