mk
Fig. 2: Точка на подигнување
5.3
Складирање
698
Транспорт и лежиште
максимално дозволената носивост на опремата за подигнување! Проверете ја
опремата за подигнување дали функционира беспрекорно!
НАПОМЕНА
Транспорт на погонот за мешање без точка на подигнување
Погоните за мешање немаат вградени рамки за монтажа на ѕид и на под, а со
тоа и точка на подигнување. Транспортирајте го погонот за мешање до местото
за инсталација со помош на палета. Позиционирајте го на местото за
инсталација со помош на едно или две други лица. Внимавајте на тежината на
погонот за мешање!
▪ За да не се оштети погонот за мешање при транспорт, амбалажата се отстранува
само на локацијата на нејзино поставување и примена.
▪ Употребените погони за мешање што треба да се испорачаат, треба да бидат
спакувани во отпорни и доволно големи пластични ќеси.
▪ Заштитете го отворениот крај на кабелот за поврзување за да не навлезе вода.
▪ Придржувајте се до важечките национални безбедносни прописи.
▪ Употребувајте само законски пропишана и дозволена опрема за подигнување.
▪ Опремата за подигнување треба да се избере на основа на условите на
располагање (времето, точката на подигнување, товарот итн.).
▪ Опремата за подигнување прицврстувајте ја само на точката предвидена за
подигнување. Можете да ја прицврстите со помош на стремен.
▪ Употребувајте опрема за подигнување со доволна носивост.
▪ Треба да биде загарантирана стабилноста на опремата за подигнување додека се
употребува.
▪ Кога се употребува опремата за подигнување, мора да биде присутно и второ
лице коешто ќе координира кога е потребно (пр. попречен поглед).
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога погонот за мешање се употребува за медиуми опасни по здравјето,
постои ризик по животот.
• Деконтаминирајте го погонот за мешање по демонтажа и пред секоја
работа.
• Внимавајте на податоците за работните правила. Раководителот мора да
се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните правила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Остри рабови на пропелерот!
Пропелерите може да имаат остри рабови. Постои опасност од исекување на
рацете. Носете заштитни ракавици за заштита од исекотини.
ВНИМАНИТЕЛНО
Целосно оштетување поради влага
Ако навлезе влага во кабелот за поврзување, тој и погонот за мешање може да
се оштетат! Крајот на кабелот за поврзување не смее да се потопува во
течности и треба да биде добро затворен кога е складиран.
WILO SE 2019-01