OBJ_BUCH-1682-004.book Page 158 Friday, August 19, 2016 2:34 PM
158 | Македонски
– Олабавете ги држачите за 10 цревото за довод на
воздух 11, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 7, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Замена на алатот (види слика C)
– Извлечете ја чаурата 2 на брзозаменливата глава
нанапред.
– Ставете го алатот за вметнување во прифатот за алат 1
и повторно олабавете ја чаурата 2.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Вклучување/исклучување
Општи напомени
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 1. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
Доколку се прекине напојувањето со воздух или се намали
работниот притисок, исклучете го пневматскиот алат и
проверете го работниот притисок. При оптимален работен
притисок, одново вклучете го алатот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Старт на притискање со спојка за исклучување
Пневматските алати имаат спојка за исклучување, која
зависи од вртежниот момент, и се подесува во повеќе
граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
– За вклучување на пневматскиот алат, ставете го алатот
за вметнување на шрафот и со аксијален лесен
притисок на одвртувачот.
– Исклучувањето на пневматскиот алат се врши
автоматски кога ќе се постигне поставениот вртежен
момент.
При претходното отпуштање на пневматскиот алат не се
постигнал претходно подесениот вртежен момент.
Поставете го правецот на вртење
(види слика D)
– Десен тек: Прекинувачот за правец на вртење 5 не се
притиска.
– Тек на лево: Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење 5.
Свртете го прекинувачот за правец на вртење 5, за да ја
заклучите позицијата.
1 609 92A 37L | (19.8.16)
Подесување на вртежниот момент
Подесете го вртежниот момент без отшрафување на
куќиштето (види слика E)
– Ставете инбус клуч (6 мм или 1/4") во прифатот за алат
1 и вртете се додека во отворот на куќиштето 3 не се
појави мал отвор во спојката 14.
Напомена: Немојте да го помешате процепот, со рамната
страна на тркалезниот мутер 12.
– Вметнете ги куките за блокирање 13 во процепот и
блокирајте ја спојката 14.
– Свртете ја спојката со помош на инбус клучот.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Започнете со пониски вредности за подесување.
– Извадете го инбус клучот и куките за блокирање.
Напомена: При зашрафување во мек материјал, при
подесување на низок вртежен момент спојката веќе не се
вади од брзина.
Подесете го вртежниот момент со отшрафување на
куќиштето (види слика F)
– Отшрафете го куќиштето 3 (лев навој!).
– Извлечете ја спојката 14.
Напомена: Внимавајте да не испаднат чивиите од
вентилот.
– Инбус клучот (10 мм) затегнете го со менгеме и
вметнете го во вратилото на спојката.
– Свртете ја тркалезната навртка 12 со помош на
вилушкаст клуч (24 мм).
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Започнете со пониски вредности за подесување.
– Повторно составете го пневматскиот алат по обратен
редослед.
Напомена: При зашрафување во мек материјал, при
подесување на низок вртежен момент спојката веќе не се
вади од брзина.
По подесување на вртежниот момент
– Прилагодете го вртежниот момент со пробно
зашрафување во зависност од материјалот (цврст,
среден, мек).
– Проверете го вртежниот момент со електронски мерен
уред за вртежен момент или момент-клуч.
Совети при работењето
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Bosch Power Tools