Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Основни Безбедносни Принципи; Соодветна Употреба; Квалификации На Персоналот; Забелешки За Инсталацијата - Porsche Home Energy Manager Anleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Home Energy Manager:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Безбедност
Основни безбедносни принципи
Опасност по живот
ОПАСНОСТ
поради електричен
напон!
Постои ризик од повреди поради струен удар
и/или изгореници, што може да предизвикаат
смрт.
e
При сите зафати, осигурете се дека струјата до
системот е постојано исклучена и обезбедена
за да не може случајно да се вклучи.
e
Во никој случај не отворајте го куќиштето на
уредот за управување со енергија.
Соодветна употреба
Уредот за управување со енергија примарно се
користи за заштита на напојувањето со електрична
енергија (заштита од преоптоварување) со тоа
што спречува да падне главниот осигурувач на
градбата.
За несоодветна употреба се смета следното:
Вршење измени или дополнувања на уредот
за управување со енергија на своја рака
Која било друга употреба на уредот за
управување со енергија што не е опишана во
ова упатство
Уредот за управување со енергија е дизајниран
како уред за сериска инсталација. Инсталирањето
мора да се изврши под електрични и
информатичко-технички услови.
e
Од електротехнички аспект, уредот за
управување со енергија мора да се монтира
во соодветна разводна кутија.
738
Изјава за одрекување одговорност
Ако уредот за управување со енергија се оштети
поради транспорт, складирање или ракување,
не може да се поправи. Ако куќиштето на
уредот за управување со енергија се отвори,
вашата гаранција ќе се поништи. Ова исто
така се однесува и во случај на оштетување
поради надворешни фактори како пожар, високи
температури, екстремни услови во околината и
несоодветна употреба.
Квалификации на персоналот
Спроведувањето на електричната инсталација
смее да се врши само од страна
на лица со релевантни познавања
на електричната/електронската опрема
(квалификуван електричар). Овие лица мора
да бидат во состојба да приложат доказ за
потребното стручно познавање за монтирањето
на електричните системи и нивните компоненти
преку положен испит.
Несоодветното монтирање може да го загрози
вашиот живот и животот на другите.
Барања за квалификуваниот електричар што го
врши монтирањето:
Способност да се оценат резултатите од
мерењето
Познавања за класи на IP заштита и нивна
употреба
Познавања за монтирање материјал за
електрична инсталација
Познавање на применливите регулативи
за електрика/електроника и националните
регулативи
Познавања за мерки за заштита од пожар и
општа и специфична безбедност и регулативи
за превенција од незгоди
Способност да се изберат соодветни алатки,
тестери и, доколку е потребно, лична опрема
за заштита, како и материјали за електрична
инсталација за обезбедување услови за
исклучување
Познавања за типот на мрежата за напојување
со електрична енергија (TN, IT и TT
системи) и условите за поврзување што
произлегуваат оттаму (неутрално заземјување
во приклучок, заштитно заземјување,
потребни дополнителни мерки)
Забелешки за инсталацијата
Поставувањето на електричната инсталација мора
да се изврши на начин на кој што:
Постојано ќе има заштита од контакт на
целата електрична инсталација, согласно
локално применливите регулативи.
Во секој момент ќе се почитуваат
регулативите за заштита од пожар коишто
важат на таа локација.
Контролите, приказите и USB интерфејсите на
уредот за управување со енергија се достапни
за клиентот без ограничувања и без ризик од
струен удар.
Каблите не ја надминуваат максималната
дозволена должина од 3,0 m за секој сензор
за струја.
Влезовите за мерење на напонот,
надворешното напојување со електрична
енергија и релеите на уредот за управување
со енергија мора да бидат опремени со
соодветни резервни осигурувачи.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis