4. Прицврстете го каишот на седиштето на возилото во закопчувалката.
Мора да го прицврстите добро и да го слушнете карактеристичниот звук.
5. Затегнете го скутниот каиш влечејќи го каишот за рамо наназад.
6. Влечете го каишот за рамо паралелно на скутниот каиш назад во
жлебот за водење на каиш (g) и затегнете го каишот за рамо. Погрижете
се двата дела на каишот да ја покриваат целата ширина на заштитникот
(f) во жлебот за водење на каиш (g).
7. Затегнете го добро каишот за рамо низ жлебот за водење на каишот на
заштитникот (g) сè додека не се прицврсти во водилката на каишот.
8. Ставете го каишот за рамо помеѓу наслонот за глава (c) и наслонот за
грб (b). Каишот за рамо не мора да минува низ водилката на каишот
за рамо (i).
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКАТА ПОЗИЦИЈА (9-18 КГ)
1. За да го поставите седиштето во лежечка позиција, притиснете го
копчето за приспособување на позиција (r).
2. За да го вратите седиштето од лежечка во седечка позиција, притиснете
го повторно копчето за приспособување на позиција (r) и водете го
седиштето нагоре со благо притискање врз перничето (e).
Лежечката позиција е достапна само за групата (9-18 кг).
ПРЕФРЛАЊЕ ОД ГРУПА 1 НА ГРУПА 2/3
1. Отстранете го заштитникот (f) штом детето достигне тежина од 18 кг.
Префрлањето од група 1 на група 2/3 не е дозволено ако детето тежи
помалку од 15 кг. Чувајте го заштитникот на безбедно и сигурно место.
2. Притиснете ги двете копчиња за ослободување на основата (t) што се
наоѓаат на долната страна на перничето (e) и влечете го од основата (s)
сè додека не почувствувате отпор.
MK
3. Притиснете го копчето за приспособување на позиција (r) и одвојте го
целосно седиштето од основата (s).
4. За да ги отстраните подлошките за растојание (p), повлечете ја
навлаката на наслонот за грб за да ја најдете дупката за прст што се
наоѓа на задниот дел на наслонот за грб.
5. Турнете ја куката за ослободување што се наоѓа во дупката за прст и
повлечете ги подлошките за растојание надвор од наслонот за грб.
6. Повторете ја оваа постапка на другата страна на наслонот за грб.
134
7. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX-Connect (l) и
повлечете ги целосно двете рачки за заклучување ISOFIX-Connect (k).
8. Продолжете да ја држите рачката за приспособување ISOFIX-Connect (l)
и ослободете ги едноподруго двете спојки (u) што се наоѓаат во долниот
дел на перничето (e) и извлечете ги рачките за заклучување ISOFIX-
Connect (k) надвор од основата. Ако треба, употребете шрафцигер.
9. Туркајте ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect (k) во назначените
отвори на долниот дел на перничето (e) сè додека не почувствувате отпор.
10. Притиснете го копчето за приспособување на позиција (r) што се наоѓа
во долниот дел и турнете ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect
(k) што е можно подалеку.
Земете го предвид минималниот пад во висина на рачките за
заклучување ISOFIX-Connect.
Бидете сигурни дека рачките за заклучување (k) се монтирани во
правилен правец и дека запците на рачките за заклучување се
насочени нагоре.
Кога го демонтирате седиштето, вршете ја постапката по точно обратен
редослед. Користете ги упатствата за да проверите претходно дали ги
имате сите делови.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО БЕЗ ЗАШТИТНИК - ГРУПА 2/3 (ОД 15-36 КГ)
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во црвените водилки на скутен каиш (h) на
седиштето за автомобил.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш (h).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каишот за рамо (i) сè
додека не влезе во водилката на каишот.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска
на детето и дека не го допира вратот на детето. Ако е потребно,
приспособете ја висината на наслонот за глава (c) за да ја измените
позицијата на каишот.