д. Датум/Ден
Го прикажува датумот и денот
од неделата според поставката
за датум на вашето радио.
ѓ. Фреквенција
Ја прикажува FM
фреквенцијата на станицата
што се слуша.
FM стерео (автоматски)/моно
Ако FM радио станицата што се слуша има слаб
сигнал, може да се слуша слабо крчење. Можно е да
се намали ова крчење така што ќе се натера радиото
да ја репродуцира станицата во моно наместо во
стерео.
1. Притиснете го копчето Бенд како што е потребно
да го изберете FM фреквенцискиот опсег и
одберете ја посакуваната FM станица како што е
наведено претходно.
2. Притиснете го и задржете го копчето Мени/Инфо
да влезете во поставката на менито.
3. Вртете го копчето за контрола на бирање се
додека поставката „FM AUTO (или MONO)"
се прикажува на екранот. Ако поставката е
Автоматски, притиснете го копчето за контрола на
бирање, па потоа вртете го копчето за контрола
на бирање да префрли на режим Моно за да
се намали крчењето. Притиснете го копчето за
контрола на бирање за да ја изберете опцијата.
Запаметување предодредена во
AM/FM режим
1. Притиснете го копчето Напојување да го вклучите
радиото.
2. Притиснете го копчето Бенд да изберете AM или
FM радио режим
3. Моментално притиснете го потребното копче
Предодредено за да го подесите радиото на
една од станиците зачувани во предодредената
меморија.
РАЗЛИЧНИ ПОСТАВКИ
Поставување на форматот време и
датум
Екранот на часовникот што се користи во режим на
мирување и на екраните во режим на играње може
да биде поставен во различен формат. Избраниот
формат потоа исто така се користи при поставување
аларми.
1. Притиснете го и задржете го копчето Мени/Инфо
да влезете во поставката на менито.
2. Вртете го копчето за контрола на бирање се
додека не се појави „CLOCK xxH„ на екранот и
притиснете го копчето за контрола на бирање да
влезете во поставката. Ќе видите како форматот
за време започнува да трепка.
3. Вртете го копчето за контрола на бирање
да изберете или 12 или 24 часовен формат.
Притиснете го копчето за контрола на бирање да
го потврдите изборот на формат на часовник.
Белешка:
ако е избран формат на часовник од 12 часа,
радиото тогаш ќе користи 12 часовен часовник за
поставката.
4. Притиснете го и задржете го копчето Мени/Инфо
да влезете во поставката на менито.
5. Вртете го копчето за контрола на бирање се
додека не се покаже датум (пр. ЧЕТ АПР 3) на
екранот и притиснете го копчето за контрола на
бирање да влезете во поставката. Ќе видите како
форматот на датум почнува да трепка.
6. Вртете го копчето за контрола на бирање да
го изберете посакуваниот формат на датум.
Притиснете го копчето за контрола на бирање да
го потврдите вашиот избор.
Поставување на време и датум на
часовникот
1. Притиснете го и задржете го копчето Мени/Инфо.
2. Вртете го копчето за контрола на бирање додека
не се појави „CLOCK ADJ" на екранот. Притиснете
го копчето за контрола на бирање да влезете во
поставката.
3. Поставката за час на екранот ќе започне да
трепка. Вртете го копчето за контрола на бирање
да го изберете посакуваниот час, минути и
притиснете го копчето за контрола на бирање да ја
потврдите поставката. Потоа вртете го копчето за
контрола на бирање да ги изберете посакуваните
минути, па притиснете го копчето за контрола на
бирање за да ја потврдите поставката.
4. Вртете го копчето за контрола на бирање се
додека не се појави „DATE ADJ" на екранот.
Притиснете го копчето за контрола на бирање да
влезете во поставката.
5. Вртете го копчето за контрола на бирање да
ја изберете саканата година и притиснете го
копчето за контрола на бирање да ја потврдите
поставката. Потоа вртете го копчето за контрола
на бирање да го изберете посакуваниот месец, па
притиснете го копчето за контрола на бирање за
да ја потврдите поставката.
6. Потоа вртете го копчето за контрола на бирање да
го изберете посакуваниот ден, па притиснете го
копчето за контрола на бирање за да ја потврдите
поставката.
148 МАКЕДОНСКИ