поларитет како што е прикажано внатре во делот
за батерија. Вратете го капакот за батерија.
3. Откако ќе се постават резервните батерии,
ставете ја главната батерија за напојување на
радиото.
Употреба на испорачаниот адаптер
за напојување со наизменична
струја
Извадете го гумениот штитник и поставете го
приклучокот на адаптерот во приклучокот за
еднонасочна струја на десната страна на радиото.
Вклучете го адаптерот во стандардна приклучница
за електрично напојување. Секогаш кога се користи
адаптерот, батеријата автоматски се исклучува.
ВНИМАНИЕ:
● Секогаш исклучувајте го адаптерот за
напојување со наизменична струја целосно
пред да го преместувате радиото. Ако
адаптерот за напојување со наизменична
струја не се отстрани, тој може да предизвика
струен удар.
● Никогаш не влечете го и/или не тегнете го
кабелот на адаптерот. Ако не постапите
така, радиото случајно може да падне
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој
околу вас.
ВАЖНО:
● Адаптерот за електрично напојување се користи
како средство за поврзување на радиото со
електричното напојување. Приклучокот за
напојување што се користи за радиото мора
да остане достапен во текот на вообичаената
употреба.
● За да се исклучи радиото, адаптерот за
електрично напојување треба целосно да
се исклучи од приклучницата за електрично
напојување.
● Користете го само адаптерот за напојување со
наизменична струја што е доставен со производот
или посочен од Makita.
● Не држете го кабелот за електрично напојување
и приклучокот со устата. Доколку направите така
може да дојде до струен удар.
● Не допирајте го приклучокот за напојување со
влажни или масни раце.
● Оштетени или испреплетени кабли го зголемуваат
ризикот од струен удар. Ако кабелот е оштетен,
истиот да се замени од страна на нашиот
овластен сервисен центар за да се избегне
ризик по безбедноста. Не употребувајте го пред
поправката.
● По употребата, секогаш чувајте го адаптерот
за напојување со наизменична струја подалеку
од дофат на деца. При играњето на децата со
кабелот, може да настанат повреди.
Белешка:
Кога вашето радио има некакви пречки во AM
фреквенцискиот опсег од својот адаптер, преместете
го радиото повеќе од 30cm подалеку од неговиот
адаптер за напојување со наизменична струја.
Полнење преку УСБ-порта за
електрично напојување
На предната страна на радиото се наоѓа УСБ-порта.
Може да полните УСБ-уред преку УСБ-порта.
1. Притиснете го копчето за Вклучување за да го
вклучите радиото.
2. Поврзете го УСБ-уредот, како што е мобилен
телефон, со УСБ-кабел достапен на пазарот.
3. Без оглед дали радиото е на наизменично
електрично напојување или батерија, радиото
може да го полни УСБ-уредот кога е вклучено и во
FM радио режим, или BT режим или AUX режим,
што се случува кога е поврзан надворешен
аудиоизвор.
Белешка:
● Не може да полните УСБ-уреди во текот на AM
режим бидејќи приемот на радиосигнал станува
исклучително слаб кога се полни УСБ-уред.
● Максималната јачина на звук на излезниот звучник
ќе се намали кога се полни вашиот УСБ.
● УСБ-приклучокот може да обезбеди електрична
струја со максимум 5V/2,4A.
ВАЖНО:
● Пред поврзувањето на УСБ-уредот со полначот,
секогаш направете резервна копија на вашите
податоци од УСБ-уредот. Во спротивно може да
дојде до загуба на вашите податоци.
● Полначот може да не доставува енергија до некои
УСБ-уреди.
● Кога не се користи или по полнењето, отстранете
го УСБ-кабелот и затворете го капакот.
● Не поврзувајте извор на енергија на УСБ-портата.
Во спротивно постои ризик од пожар. УСБ-
портата е наменета само за полнење на уреди
со понизокнапон. Секогаш затворајте го капакот
врз УСБ-портата кога не го полните уредот со
понизокнапон.
● Не вметнувајте шајка, жица или слично во портата
за напојување преку УСБ. Во спротивно краток
спој може да предизвика чад и пожар.
● Не поврзувајте го овој приклучок за УСБ со вашата
УСБ-порта на компјутерот, бидејќи постои голема
веројатност тоа да предизвика оштетување на
уредите.
146 МАКЕДОНСКИ