MK
2. Нерамнините коишто се создале на
водечката шина од синџирот, отстранете
ги со плосната турпија.
3. Свртете ја водечката шина по секоја
промена на синџирот/острење на синџирот
за да се избегне еднострано абење.
8.3.7
Проверете го и исчистете го
погонскиот запчаник
Оптоварувањето на погонскиот запчаник
(19/2) е особено големо. Поради тоа
направете го следново:
1. Редовно проверувајте ги запците на
погонскиот запчаник за абење или
оштетување.
2. Чистете ги погонскиот запчаник и
приклучокот за водечката шина со четка.
НАПОМЕНА Изабен или оштетен
погонски запчаник го намалува животниот век
на синџирот и поради тоа мора веднаш да се
замени од страна на корисничкиот сервис.
8.4
Поставување на ножиците за
потстрижување
8.4.1
Подмачкување на вртливата глава
(21)
Вртливата глава треба да се подмачкува на
секои 20 часа работа на трите точки за
подмачкување со еколошка маст за
подмачкување.
9 СКЛАДИРАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
пожар и експлозија. Бензинот и маслото се
лесно запаливи. Пожарот може да предизвика
тешки повреди.
■
Никогаш не го складирајте уредот при
отворени пламени или извори на топлина.
■
Никогаш не го складирајте уредот во
просторија во која се користат електрични
алати.
По секоја употреба темелно исчистете го
уредот и – ако има – поставете ги сите
заштитни капаци. Чувајте го уредот на суво
место што може да се заклучува и надвор од
дофат на деца.
Ако не сакате да го користите уредот подолго
од 2 – 3 месеци, потребни се следниве работи
за да избегнете оштетувања:
1. Се празни резервоарот.
426
2. Се стартува моторот и се остава слободно
да работи, додека не запре.
3. Оставете го моторот да се излади.
4. Свеќичката се одвртува со клуч за
свеќички.
5. Се полни една кафена лажичка 2-тактно
масло во комората за согорување.
6. За расподелување на маслото во
внатрешноста на моторот, стартната сајла
треба повеќепати да се повлече.
7. Свеќичката повторно се навртува.
8. Чистење на уредот:
■
Исчистете го целиот уред и деловите
од опремата со мека четка или
избришете со крпа за бришење. Да не
користите бензин или друг
растворувач!
■
Никогаш не го чистете уредот со
проточна вода или уред за чистење
под висок притисок.
■
Отстранете ја нечистотијата од сите
отвори на уредот. Одржувајте ги
слободни отворите за вентилација на
ладењето на моторот.
■
Одржувајте ги рачките без присуство
на масло и маст. Не смеат да се
користат вода, разредувачи и
средства за полирање.
9. Уредот се складира на што е можно
ладно, суво место.
10 ПОВТОРНО ПУШТАЊЕ ВО
УПОТРЕБА
По секоја употреба темелно исчистете го
уредот и – ако има – поставете ги сите
заштитни капаци. Чувајте го уредот на суво
место што може да се заклучува и надвор од
дофат на деца.
1. Се отстранува свеќичката.
2. Стартната сајла брзо се повлекува, за да
се отстрани преостанатото масло од
комората за согорување.
3. Свеќичката се чисти, се проверува
растојанието меѓу електродите, во случај
на потреба се заменува.
4. Уредот се подготвува за употреба.
5. Резервоарот се полни со соодветната
мешавина гориво-масло.
Складирање
BC 260 MT