Опис на производот
НАПОМЕНА Специјални напомени за
подобро разбирање и ракување.
2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
2.1
Прописна примена
Со Multitool BC 260 MT основниот уред може
да се користат следниве уреди за вградување:
■
Цевка за продолжување (02)
■
Поставување на коса (03) за косење на
појаки зелени растенија и слично
обраснување.
■
Поставување на потстрижувач за трева
(04) за косење на мека трева и слично
обраснување.
■
Поставувањето на градинарскиот нож (05)
е наменето за кастрење на гранки од
цврсто стоечки дрвја и други грмушки.
■
Поставувањето на ножици за
потстрижување (06) е наменето за
отстранување од подот на тенки гранки и
свежи ластари од живи огради и жбунови.
Основниот уред како и поставувањата се
наменети исклучиво за приватна употреба и
на отворено: Секоја друга примена како и
недозволено преправање или доградба ќе се
смета за злоупотреба и се губи правото на
гаранција како и губењето на сообразноста
(CE-ознака) и производителот не сноси
никаква одговорност за штети на корисникот
или на трети лица.
2.2
Можна предвидлива погрешна
употреба
Уредот не е предвиден ниту за комерцијална
употреба во јавни паркови и спортски објекти
ниту за употреба во земјоделството и
шумарството.
За поставување на градинарски нож и ножици
за потстрижување користете само една цевка
за продолжување, дури и кога има на
располагање повеќе цевки за продолжување.
Поставување на коса и потстрижувач за
трева
■
Не кројте грмушки, живи огради, дрва или
цвеќиња.
■
За време на работа да не го подигнувате
уредот од подот.
■
Да не користите други освен оригиналните
алатки за сечење на производителот (нож,
бобина)
442961_a
Поставување на градинарски нож
■
Не сечете гранки коишто се наоѓаат
директно или во остар агол над
корисникот или други лица.
■
Не го користете уредот стоејќи на скала.
■
Не го користете уредот за сечење на
градежни материјали и пластики
■
Не користете старо масло или минерално
масло.
Поставување на ножиците за
потстрижување
■
Никогаш не го притискајте поставувањето
на ножици за потстрижување брзо и со
сила низ гранките што треба да се
пресечат. Прилагодете ги вашите работни
движења на брзината на уредот.
■
Никогаш не ги отстранувајте заглавените
гранки во лентата со ножеви при уред во
движење.
■
Не го користете уредот стоејќи на скала.
■
Уредот не смее да се користи за сечење
на тревници, рабови од тревници или за
ситнење на компостирањето.
2.3
Ризици од остатоци
Исто така и при прописна примена на
апаратот останува секогаш еден одреден
преостанат ризик кој не смее да се исклучи.
Од видот и конструкцијата на уредот може да
настанат следните потенцијални опасности во
зависност од примената:
■
Штети по здравјето, кои настануваат како
резултат од вибрациите на раката, во
случај кога уредот е употребуван еден
определен период или не е ракуван и
одржуван уредно.
■
Опасност од изгореници при допирање на
жешките компоненти.
■
Опасност од пожар.
Поставување на коса и потстрижувач за
трева
■
Исфрлување на искосен материјал и
вдишување на честички од искосениот
материјал
■
Исекотини при фаќање на вртливиот
конец за сечење
■
Опасност од повреда на стапалата од
допирање на алатката за сечење на
непокриено подрачје.
411