MK
1 ЗА ОВА УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
■
Германската верзија е оригиналното
упатство за употреба. Сите други јазични
верзии се преводи на оригиналното
упатство за употреба.
■
Пред пуштањето во работа, задолжително
внимателно прочитајте го упатството за
употреба. Ова е предусловот за успешна
работа и непречено ракување.
■
Чувајте го работното упатство да ви биде
лесно на дофат за читање ако ви е
потребна некоја информација за уредот.
■
Предадете го уредот на други лица само
со упатството за употреба.
■
Прочитајте ги и обрнете внимание на
напомените за безбедност и
предупредување во упатството за
употреба.
1.1
Објаснување на знаците и сигналните
зборови
ОПАСНОСТ!
Покажува непосредно
опасна ситуација, која –
ако не се избегне – може
да предизвика смрт или
тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Покажува потенцијално
опасна ситуација, која –
ако не се избегне – може
да предизвика смрт или
тешка телесна повреда.
ВНИМАНИЕ!
Покажува потенцијално
опасна ситуација, која –
ако не се избегне – може
да предизвика мала или
умерена телесна
повреда.
698
ВНИМАНИЕ!
Покажува ситуација, која
– ако не се избегне –
може да предизвика
штети по имотот.
НАПОМЕНА
Специјални напомени за подобро
разбирање и ракување.
2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Ова упатство за употреба опишува рачно
управувана коса со бензински мотор.
2.1
Прописна примена
Опремена со бобина моторната коса е
наменета за сечење на мека трева и сличен
растеж. Со ножот таа може да се користи за
косење на појаки зелени растенија, млади
грмушки и жбунови. Моторната коса мора
притоа да се води паралелно со подот.
НАПОМЕНА
Националните и локални прописи за
работните времиња, бучавоста и
емисиите на издувни гасови може да
ја ограничат употребата на уредот.
Информирајте се за тоа!
Овој уред е наменет исклучиво за приватна
употреба. Секоја друга примена како и
недозволено преправање или доградба ќе се
смета за злоупотреба и се исклучува правото
на гаранција како и губењето на сообразноста
(CE-ознака) и производителот не сноси
никаква одговорност за штети на корисникот
или на трети лица.
2.2
Можна предвидлива погрешна
употреба
■
Не кројте грмушки, живи огради, дрва или
цвеќиња.
■
За време на работа да не го подигнувате
уредот од подот.
■
Да не користите други освен оригиналните
алатки за сечење на производителот (нож,
бобина)
За ова упатство за употреба
132, 141