Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Дефекти, Причини И Отстранување - Wilo Rexa FIT V05-Serie Einbau- Und Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен
материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да
прска жежок работен материјал. Притоа може и
да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура
на околината, а потоа отворете ги шрафовите
за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или
заштита за лицето, како и ракавици.
Fig. 9: Заптивна комора: Замена на масло
1
Шраф за затворање на заптивна комора
Поставена е заштитна опрема!
Пумпата е демонтирана и исчистена (и по потреба,
деконтаминирана).
1. Поставете ја пумпата хоризонтално на цврста
подлога. Шрафот за затворање покажува нагоре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на
дланките. Осигурете се дека пумпата нема да падне
или да се излизга!
2. Одвртувајте го шрафот полека и нецелосно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прекумерен притисок во
моторот! Ако слушнете звук на испуштање воздух
или свирење, не вртете повеќе! Почекајте
притисокот да се испушти целосно.
3. Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно
одвртете го шрафот.
4. Поставете соодветни резервоари за собирање на
работниот материјал.
5. Испуштете го работниот материјал: Свртете ја
пумпата сè додека отворот не покаже кон долу.
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa FIT
Дефекти, причини и отстранување
1
6. Проверете го работниот материјал: Ако во работниот
материјал пронајдете метална пилевина,
контактирајте ја службата за односи со корисниците!
7. Наполнете работен материјал: Свртете ја пумпата сè
додека отворот не покаже кон горе. Полнете со
работен материјал преку отворот.
⇒ Придржувајте се до податоците за видот и
количината работен материјал!
8. Исчистете го шрафот за затворање, ставете нов
заптивен прстен и повторно завртете го. Макс.
вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
9.5.7
Генералка
При генералка, треба да се провери дали лежиштето
на моторот, заптивниот прстен на вратило, О-
прстените и водовите за снабдување со струја се
оштетени или изабени. Оштетените составни
елементи треба да се заменат со оригинални делови.
Само така може да се загарантира беспрекорна
работа.
Генералката ја врши производителот или друг
авторизиран сервисер.
10
Дефекти, причини и отстранување
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Постои ризик по животот кога пумпата се
употребува со медиуми опасни по здравјето!
Носете ја следната заштитна опрема кога
работите:
• затворени заштитни очила
• Маска за дишење
• Заштитни ракавици
⇒ Дадената опрема е минимален услов, затоа
внимавајте на податоците за работните
правила! Раководителот мора да се осигури
дека персоналот се придржува и ги разбира
работните правила!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да
доведе до смрт поради струен удар! На
електриката треба да работи стручен електричар
следејќи ги локалните прописи.
mk
427

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis