7
6
5
Fig. 1: Преглед
1
Рачка/точка на подигнување
2
Мотор
3
Заптивно куќиште
4
Притисочна наставка
5
Вшмукателна наставка
6
Хидраулично куќиште
7
Вод за снабдување со струја
4.1.1
Хидраулика
Хидраулика за вртложење со работно коло со
слободно струење и хоризонтално прирабничко
поврзување од притисочната страна.
Хидрауликата не е самовшмукувачка, односно
медиумот мора да тече самостојно или со
предпритисок.
4.1.2
Мотор
Како погон се применуваат мотори со пасивно
ладење во монофазна и трифазна изведба.
Ладењето се изведува преку медиумот. Топлината на
моторот се предава од неговото куќиште директно
на медиумот што се транспортира. За време на
работа, моторот може да биде непотопен.
Работниот кондензатор кај моторите со монофазна
струја е вграден во моторот. Кабелот за поврзување е
во следните изведби:
▪ Монофазна изведба:
– Со утикач со заштитен контакт
– Со утикач со заштитен контакт и вграден пливачки
прекинувач
▪ Трифазна изведба:
– Со слободен крај на кабелот
– Со CEE-приклучник со префрлување на фазите и
вграден пливачки прекинувач
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa FIT
Опис на производот
4.1.3
1
2
4.1.4
3
4
4.1.5
4.2
Заптивање
Транспортот на медиуми и моторот се заптиваат со
две механички заптивки. Заптивната комора помеѓу
лизгачките механички заптивки е наполнета со
медицинско бело масло.
Материјал
▪ Куќиште на пумпа: EN-GJL-250 (ASTM A48
Class 35/40B)
▪ Работно коло: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
▪ Куќиште на мотор: 1.4301 (AISI 304)
▪ Вратило: 1.4021 (AISI 420)
▪ Заптивање од страната на моторот: C/MgSiO
▪ Заптивање од страна на медиумот: SiC/SiC
▪ Заптивање, статично: NBR (Nitril)
Вградена опрема
Пливачки прекинувач
Во „А" изведба, пумпата е опремена со еден
пливачки прекинувач. Преку пливачкиот прекинувач
можно е пумпата да се вклучи или исклучи
независно од нивото.
Утикач
Во „P" и „A" изведба, вграден е утикач со заштитен
контакт кај монофазни мотори и со CEE-приклучник
со префрлување на фазите кај трифазни мотори.
Приклучокот е направен за користење со
секојдневни шуко или СЕЕ-утикачи и не е отпорен на
вода.
Уреди за надгледување
Надгледување на намотката на моторот
Термичкото надгледување на моторот ја штити
намотката на моторот од прегревање. Во стандардна
изведба се вградува ограничување на температурата
со помош на биметален сензор.
Кај монофазен мотор, термичкото надгледување на
моторот се вклучува самостојно. Оттаму, моторот се
исклучува кога ќе се прегрее и, откако ќе се излади,
автоматски повторно се вклучува.
Кај трифазен мотор, термичкото надгледување на
моторот мора да е приклучено во приклучната табла
или во утикач.
Надворешно надгледување на заптивната
комора
Заптивната комора може да се опреми со
надворешна електрода за заварување. Електродата
регистрира навлегување на медиум преку
механичката заптивка од страната на медиумот.
mk
4
409