Монтирање на издолжувањето на поделената оска
на градинарскиот нож и поставување на ножиците
за потстрижување
1. Запчестото вратило на издолжувањето на
поделената оска се вметнува во градинарскиот
нож или во поставувањето на ножиците за
потстрижување (3-1, 4-1).
2. Завртката (3-2, 4-2) се става во отворот и се
навртува.
3. С е става завртката за стегање (3-3, 4-3).
Поставување на градинарскиот нож
Монтирање на водечката шина и на синџирот
Внимание
Пред почетокот на сите работи на водечката
шина и на синџирот, моторот се исклучува и се
носат заштитни ракавици.
1. Одвртете ги завртките за зацврстување (13-1) и
извадете го капакот (13-2).
2. Вртете ја завртката за затегнување на синџирот
(13-3) спротивно од сказалките на часовникот, сè
додека ременот за затегнување на синџирот (13-4)
не се најде на задниот крај од навојот.
3. Вметнете го синџирот во периферниот водечки
отвор на водечката шина (14).
Притоа внимавајте на точниот правец на движење
на линковите на синџирот (16).
4. Поставете ја водечката шина. Ременот за
затегнување на синџирот (15-1) мора да досегне
во соодветниот отвор за затегнување на синџирот
на водечката шина.
5. При монтирањето внимавајте линковите на
синџирот правилно да бидат поставени во
водечкиот отвор и на запчаникот.
6. Повторно ставете го капакот (13-2) и зацврстете ја
завртката за зацврстување (13-1) стабилно.
7. Затегнете го синџирот како што е опишано во
поглавјето „Затегнување на синџирот"
Затегнување на синџирот
1. Разлабавете ја завртката за зацврстување (13-1)
за макс. 1 свртување.
2. Лесно подигнете го врвот од водечката шина и
вртете ја завртката за затегнување на синџирот
(13-3) во правец на сказалките на часовникот, сè
додека не се постигне вистинско затегнување на
синџирот.
506
3. Синџирот е вистински затегнат, кога во средина
на водечката шина може да се подигне за околу
3 - 4 mm (16).
4. Вртете ја завртката за затегнување на синџирот
спротивно од сказалките на часовникот, ако
синџирот е затегнат пресилно.
5. Проверете дали линковите на синџирот добро
се поставени во отворот на шината од водечката
шина.
6. Повторно зацврстете ги завртките за
зацврстување.
Поставување на ножиците за потстрижување
За оптимална примена, аголот на поставувањето на
ножиците за потстрижување може да се прилагоди.
1. Се разлабавува прилагодливата рачка (11-1).
2. Уредот се наведнува во саканата положба.
3. Прилагодливата рачка се зацврстува.
4. Пред работата, треба да се извадат заштитните
шини (12).
Гориво и средства за работа
Безбедносни напомени
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Опасност од
пожар!
Бензинот е лесно запалив!
ВНИМАНИЕ - Опасност од труење!
Никогаш не го оставајте моторот да работи во
затворен простор!
Бидете сигурни дека од моторот, резервоарот или
од цревата за гориво не истекува гориво
Бензинот треба да се меша и чува во, само за таа
цел, предвидени контејнери
Треба да се точи само на отворено
При точењето не смее да се пуши
Капакот на резервоарот не треба да се отвора
додека моторот работи или е врел
Оштетениот резервоар или капак на резервоарот
треба да се замени
Капакот на резервоарот секогаш треба да се
затвора цврсто
Доколку истекол бензин:
Моторот не се стартува
Се избегнуваат обиди за палење
Уредот се чисти
Остатокот од горивото се остава да испари
Оригинално упатство за употреба