Општи безбедносни напомени
Чувајте го уредот со грижливост:
Следете ги прописите за одржување и
напомените за промената на алатката.
Одржувајте ги рачките суви и без присуство на
смола, масло и маст.
Инсталирајте ги само оние алатки за сечење, кои
се определени за уредот. Употребата на други
алатки и друга додатна опрема за Вас може да
претставува опасност од повреда.
Проверете ги евентуалните оштетувања на
машината:
Пред понатамошната употреба на уредот,
внимателно треба да се провери непреченото
и прописно функционирање на заштитните
уреди. Користете го уредот само со целосно
и правилно инсталирани заштитни уреди и
немојте да менувате ништо на уредот, што би
можело да ја загрози безбедноста.
Проверете, дали подвижните делови
функционираат непречено и не заглавуваат
или дали се оштетени. За да се обезбеди
беспрекорна работа, сите делови треба да
бидат инсталирани правилно и сите услови
треба да бидат исполнети.
Оштетените заштитни уреди и делови треба
да се поправаат или менуваат правилно, од
страна на овластена сервис работилница,
доколку не е наведено поинаку во упатството
за употреба.
Оштетените или нечитливите безбедносни
етикети треба да се заменат.
Немојте да приклучувате никаква алатка! Пред
вклучување, постојано проверувајте дали се
отстранети сите алатки.
Неискористените уреди чувајте ги на суво,
затворено место, вон од дофат на децата.
Не преземајте никакви поправки на уредот, коишто
се опишани во поглавјето „Одржување", туку
обратете се директно до произведувачот, односно
овластениот кориснички сервис.
Поправките на безбедносното исклучување треба
да се изведуваат од страна на произведувачот
односно од неговите кориснички сервиси.
Треба да се користат само оригинални резервни
делови, додатна опрема и посебна опрема. Со
употребата на други резервни делови и друга
додатна опрема можат да настанат несреќи по
корисникот. За штетите, кои произлегуваат од ова,
произведувачот не презема никаква одговорност.
440407_c
Безбедносни напомени за сечилото/
поставувањето на бобината
Пред сечењето, отстранете ги сите туѓи тела
(на пр. камења, гранки, жица итн.). За време на
работата, внимавајте и на други туѓи тела.
Пред вклучување на уредот, внимавајте алатката
за сечење да не го допира тлото.
Пред вклучување на уредот, внимавајте Вашите
стапала и раце да се наоѓаат на безбедно
растојание од алатката за сечење.
Почнете со сечење дури тогаш, кога алатката за
сечење го постигнала потполниот број на вртежи.
Никогаш не допирајте цврсти предмети (камења,
стебла) со алатка за сечење којашто работи.
Алатката за сечење сè уште работи! Немојте да ја
сопирате со рака.
Исклучете го уредот и извлечете го приклучокот за
свеќичката при:
Допирање на апаратот со камења, клинци или
други туѓи тела
Поправки
Одржување и чистење
Отстранување на дефекти
Транспорт и складирање
Промена на алатката за сечење
Напуштање на машината (исто така и во случај
на краткотраен прекин)
Безбедносни напомени за градинарскиот нож
Оној што работи со градинарски нож, пред
предвидената употреба треба да покаже
определено знаење и да биде запознаен со
користењето на градинарскиот нож и опремата за
лична заштита.
Употребувајте само соодветни комбинации од
водечки шини и синџири за пили, како што е
опишано во „Технички податоци". Погрешните
комбинации ја зголемуваат опасноста од повратен
удар!
Дали резервоарот за масло (подмачкување на
синџирот) е наполнет? Редовно проверувајте го
нивото на масло. Веднаш дополнете масло за
синџирот на пилата, за синџирот да не се движи
сув.
Дали синџирот е правилно затегнат? Обрнете
внимание на точките во поглавјето „Затегнување
на синџирот".
Дали синџирот е правилно наострен?
Употребувајте само добро наострени синџири,
бидејќи тапите синџири не само што ја
зголемуваат опасноста од повратен удар, туку и го
преоптоваруваат моторот.
Не употребувајте испукани синџири или такви,
коишто ја смениле својата форма.
MK
503