Употреба на печката
Како работи микробрановата печка
Микробрановите се електромагнетни бранови со висока фреквенција; ослободената енергија овозможува
готвење или подгревање на храната без промена на нејзината форма или боја.
Можете да ја користите микробрановата печка за:
•
Одмрзнување
•
Подгревање
•
Готвење
Принцип на готвење
ЗАБЕЛЕШКА
Бидејќи средишниот дел на храната се готви преку распределување на топлината, готвењето продолжува и
по вадењето на храната од микробрановата печка. Времето на стоење на храната назначено во рецептите
или во ова упатство мора да се почитува за да се обезбеди:
•
Рамномерна зготвеност на храната и во средишниот дел.
•
Подеднаква температура на целата храна.
User_MS23A7318AK_E2_DE68-04716C-00_MK.indd 15
User_MS23A7318AK_E2_DE68-04716C-00_MK.indd 15
1.
Микробрановите генерирани од магнетрон се
распределуваат рамномерно со вртењето на
храната поставена на плочата. На овој начин
храната се готви рамномерно насекаде.
2.
Храната ги апсорбира микробрановите до
длабочина од приближно 1 инч (2,5 cm). Готвењето
потоа продолжува со распределување на топлината
во внатрешноста на храната.
3.
Времето на готвење се менува во зависност од
садот кој се користи и карактеристиките на храната:
•
Количество и густина
•
Содржина на вода
•
Почетна температура (дали е замрзната или
не)
Проверка дали микробрановата печка работи исправно
Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата микробрановата печка работи
исправно.
Ако имате какви било проблеми, видете го делот „Отстранување на проблеми" на страниците 34 до 37.
ЗАБЕЛЕШКА
Микробрановата печка мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок.
Вртливата плоча мора да се постави во микробрановата печка. Доколку не се користи максималното ниво
на јачина (100 % - 800 W), ќе биде потребно подолго време за зовривање на водата.
1.
3
2.
3.
4.
4
5.
Притиснете го копчето за да се отвори вратата на
микробрановата печка.
Поставете чаша со вода на плочата и потоа
затворете ја вратата.
Притиснете Microwave (Микробранови).
Притискајте START/+30s (АКТИВИРАЊЕ/+30s)
повеќепати за да поставите време до 4 или
5 минути.
Микробрановата печка ја загрева водата во
поставеното време. Проверете и погрижете се
водата да врие.
Македонски 15
5/18/2022 1:32:09 PM
5/18/2022 1:32:09 PM