на работниот термостат со додатна топлотна заштита. Во
случај на откажување на термостатот, во согласност со
безбедносните стандарди, водата во греалката за вода
(бојлерот) може да достигне температура до 130°C. При
изведувањето на водоводните инсталации, задолжително
треба да се земе предвид дека е можно да дојде до
наведените температурни преоптоварувања.
Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исклучите
од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од
греалката за вода поради опасност од замрзнување.
Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните
оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите
најблискиот овластен сервис.
Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни
за животната средина и здравјето и се изработени со можност што
поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од
нивниот работен циклус.
Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на
отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на
пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни
материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на
природни ресурси, бидејќи на тој начин можеме повторно да ги вратиме
отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси.
За повеќе информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го
својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен
производот.
Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што
ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!
ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА
УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана,
исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за
електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики
се наведени на табличката, што е залепена помеѓу приклучните цевки на
апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната
мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во
неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради
проверка или заменување на противкорозијска заштитна анода, може да ги
врши само овластена сервисна служба.
22