Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 4Exact Originalbetriebsanleitung Seite 110

Spannungskonstanter
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 4Exact:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-3072-001.book Page 110 Wednesday, December 21, 2016 2:15 PM
110 | Македонски
Приклучување на одвртувачот (види слика B)
 Напонот на регулаторот на напон (приказ) мора да
биде во согласност со напонот на одвртувачот.
Регулаторот на напон исклучиво е наменет за
индустриските батериски одвртувачи од Bosch од
сериите Exact, AngleExact и BT-Exact со напон помеѓу
9,6 V и 14,4 V. Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Утврдете го напонот на индустрискиот батериски
одвртувач, со којшто сакате да го користите регулаторот
на напон (види технички податоци во упатството за
користење на индустрискиот батериски одвртувач).
Набавете го соодветниот струен адаптер за вашиот
одвртувач.
Струјниот адаптер не е содржан во обемот на испорака на
регулаторот на напон. Во моментот во специјализираната
продавница може да се купат струјни адаптери за 9,6 V,
12,0 V и 14,4 V.
Струјниот адаптер се разликува во зависност од напонот
според бојата на куќиштето на D-Sub-приклучокот 9.
Куќиштето на D-Sub-приклучокот за 9,6-V-напон е во
светло сина боја, за 12-V-напон во црвена боја и за 14,4-V-
напон во црна боја.
Внимавајте, регулаторот на напон да е исклучен или
струјниот кабел 6 да е изваден од напојувањето.
 Куќиштето за адаптерот 8 смее да се монтира или
демонтира во индустриските батериски одвртувачи
само доколку регулаторот на напон е исклучен или
приклучокот 9 е изваден од него.
Активирајте ја блокадата за вклучување на вашиот
одвртувач и исклучете го на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Вметнете го куќиштето за
адаптерот 8 во прифатот на индустрискиот батериски
одвртувач. Внимавајте на тоа, куќиштето за адаптерот да
се вметне правилно околу и да се слушне кога ќе налегне
во прифатот.
Потоа ставете го приклучокот 9 што одговара на струјниот
адаптер на вашиот одвртувач 7 во приклучниот конектор
13. Прицврстете го приклучокот 9 во приклучниот
конектор 13, со затегање на двете завртки 10 со рака.
Приклучок на напојувањето со енергија
(види слика C)
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на струјниот
адаптер.Струјниот адаптер означен со 230 V може да
се употребува и со 220 V.
Прво ставете го приклучокот 18 од струјниот кабел 6 во
приклучниот конектор 5 на регулаторот на напон. Сега
можете да го приклучите регулаторот на напон на
напојувањето со енергија, со вметнување на приклучокот
19 во приклучницата.
 Секогаш поврзувајте го прво струјниот кабел со
регулаторот на напон, пред да го вметнете
приклучокот 19 во приклучницата. Инаку постои
опасност од електричен удар.
1 609 92A 3HF | (21.12.16)
Демонтажа
Разделување од напојувањето со енергија
(види слика C)
Прво извадете го приклучокот 19 од приклучницата.
Потоа извадете го приклучокот 18 на струјниот кабел 6 од
приклучниот конектор 5 на регулаторот на напон.
 Секогаш прво вадете го приклучувањето со
приклучницата. Инаку постои опасност од електричен
удар.
Вадење на одвртувачот од регулаторот на напон
(види слика B)
 Куќиштето за адаптерот 8 смее да се монтира или
демонтира во индустриските батериски одвртувачи
само доколку регулаторот на напон е исклучен или
приклучокот 9 е изваден од него.
Олабавете ги двете завртки 10 на приклучокот 9 и
извадете го приклучокот од приклучниот конектор 13.
Потоа притиснете на двете страни на копчињата за
отклучување 17 и извлечете го куќиштето за адаптерот 8
од прифатот на индустрискиот батериски одвртувач.
Употреба
Ставање во употреба
 Напонот на регулаторот на напон (приказ) мора да
биде во согласност со напонот на одвртувачот.
Регулаторот на напон исклучиво е наменет за
индустриските батериски одвртувачи од Bosch од
сериите Exact, AngleExact и BT-Exact со напон помеѓу
9,6 V и 14,4 V. Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Поврзете го регулаторот на напон со индустрискиот
батериски одвртувач. Потоа приклучете го регулаторот на
напон на напојување со струја.
Вклучување/исклучување на регулаторот на напон
(види слика D)
Мора прво да го стартувате регулаторот на напон, пред да
го допрете одвртувачот.
 Регулаторот на напон смее да се вклучи само ако
одвртувачот е поврзан со него преку струјниот
адаптер или приклучокот D-Sub не е монтиран во
приклучниот конектор 13.
За вклучување на регулаторот на напон свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 12 во позиција
1.
За исклучување на регулаторот на напон свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 12 во позиција
0.
На регулаторот на напон свети приказот со напон на
струјниот адаптер, ако тој е приклучен во приклучниот
конектор 13 на регулаторот на напон.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го регулаторот на
напон само кога го користите.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis