Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch Heavy Duty GBL 800 E Professional Originalbetriebsanleitung Seite 95

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање на
прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2). При
фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (2)
најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Регулирање на количината на воздух
Свртете го тркалцето за подесување (4), за да ја подесите
саканата количина на воздух:
– во правец на стрелките на часовникот: зголемување
на количината на воздух
– во правец спротивен на стрелките на часовникот:
намалување на количината на воздух
Совети при работењето
Внимавајте влезот за воздух (9) да не всисува нечистотии
за време дувањето.
Никогаш не всисувајте без ќеса за прав.
Не всисувајте остри или жешки материјали, како
парчиња стакло, жежок пепел или метални струготини.
Редовно празнете ја вреќичката за прав по всисувањето.
При отстранување на отпадот внимавајте на прописите за
животна средина.
Ако не се користи вентилаторот, затворете го излезот за
воздух со ќеса за собирање на прав, за да спречите
доспевање на нечистотии и надворешни честички во
куќиштето на вентилаторот.
Секое навлегување на цврст материјал во делот на
куќиштето (дури и за време на складирањето) може да
доведе до кршење на вентилаторот, а со тоа и кршење на
куќиштето за време на работата.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
Bosch Power Tools
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Замена на карбонските четки (види слика C)
Проверувајте ја должината на карбонските четки на
секои 2–3 месеци и доколку е потребно заменете ги.
Никогаш не менувајте само една карбонска четка!
Напомена: Користете само карбонски четки од Bosch,
кои се наменети за производот.
– Олабавете ги капачињата (6) со соодветен одвртувач.
– Заменете ги карбонските четки (10) што се под
притисок на пружината и повторно навртете ги
капачињата.
Критериум за замена на карбонските четки: На
големата странична површина на карбонските четки
може да се забележи испрекината или точкеста линија.
Ако една од двете карбонски четки е истрошена до оваа
линија, треба веднаш да ги замените двете карбонски
четки, за да го заштитите комутаторот од можни
оштетувања.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Македонски | 95
1 609 92A 843 | (21.04.2023)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis