172
Македонски
4 Ставете ја силиконската дијафрагма во телото на пумпата одозгора.
Осигурете се дека е цврсто прилепена околу работ со притискање
надолу со прстите за да се обезбеди целосно дихтување (Сл. 5).
5 Прикачете ја рачката на дијафрагмата со цевче со закачување на
отворот во рачката врз крајот на цевчето. Притиснете ја рачката на
телото на пумпата сé додека не кликне во позиција (Сл. 6).
6 Поставете го перничето во телото (Сл. 7) на пумпата и осигурете се
дека работ го покрива телото на пумпата. Турнете го внатрешниот дел
од перницата во инката. Осигурајте се дека целосно ја туркате
перницата навнатре, до линијата означена со стрелка на пумпата на
тело (Сл. 8).
Користење на пумпата за измолзување
Предупредување: Секогаш користете ја пумпата за
измолзување со перничето.
Забелешка: Контактирајте со здравствен работник во случај да имате
прашања или ако доживеете нус-појави.
Ракување со пумпата за измолзување
1 Темелно измијте ги рацете со сапун и вода и осигурете се дека вашата
града е чиста.
2 Притиснете го склопеното тело на пумпата на градата. Осигурете се
дека брадавицата е поставена во центарот за да може перничето да
дихтува.
3 Нежно почнете да притискате на рачката сè додека не го
почувствувате смукањето на градата (Сл. 9). Потоа дозволете рачката
да се врати на положбата во мирување. Повторувајте го овој чекор
рапидно 5 или 6 пати за да го иницирате рефлексот на испуштање на
млекото.
Забелешка: Не морате целосно да притискате на рачката.
Притиснете ја само толку колку што е удобно. Вашето млеко наскоро
ќе почне да тече, иако не го користите целосното вшмукување што
може да го создаде пумпата.
4 Кога млекото ќе почне да тече, забавете го ритамот со притискање на
рачката и нејзино задржување притисната за момент пред да
дозволите да се врати на положбата во мирување. Продолжете со овој
ритам додека тече вашето млеко. Ако ви се измори раката, обидете се
да ја користите другата рака или пумпајте од другата града.