-
Пред секоја употреба, проверете да не е оштетена пумпата за
измолзување. Немојте да ја користите пумпата за измолзување ако е
оштетена или не функционира правилно.
Предупредувања за избегнување контаминација и за обезбедување
хигиена:
-
Од хигиенски причини, пумпата за измолзување е наменета
повеќекратно користење од страна на само еден корисник.
-
Исчистете ги и дезинфицирајте ги сите делови пред првото користење
и по секоја употреба.
-
Не користете антибактериски или абразивни средства за чистење на
деловите од пумпата за измолзување затоа што тоа може да
предизвика оштетување.
-
Темелно измијте ги рацете со сапун и вода пред да допирате делови
од пумпата за измолзување и градите за да спречите контаминација.
Избегнувајте да го допирате внатрешниот дел од садовите или
капаците.
Предупредувања за да се избегнат проблеми и болки со градите и
брадавиците, вклучително и болка:
-
Секогаш ослободете ја рачката пред да го отстраните телото на
пумпата од градата за да се ослободи вакуумот.
-
Ако вакуумот е непријатен или предизвикува болка, престанете со
пумпање и отстранете ја пумпата за измолзување од градата.
-
Не продолжувајте со смукање повеќе од пет минути одеднаш, доколку
воопшто не успеете да измолзите млеко. Обидете се да измолзите
млеко во друго време во текот на денот.
-
Ако процесот на измолзување стане многу непријатен или болен,
прекинете да ја користите пумпата и посоветувајте се со
здравствениот работник.
-
Користете само додатоци и делови препорачани од Philips Avent.
-
Не е дозволена каква било модификација на пумпата за измолзување.
Предупредување: Ако сте инфицирани со вирус причинител на
имунитетски недостаток кај човекот (ХИВ) или со хепатитис Б или Ц,
користењето на пумпата за измолзување нема да го намали или отстрани
ризикот од пренесување на вирусот на вашето бебе преку мајчиното
млеко.
Македонски
169