8.7
ЗАДНА ОСКА
• Се состои од запечатен моноблок и не
треба да се одржува. Се доставува со
трајно полнење за подмачкување и нема
потреба од замена или надополнување.
9. ОДЛОЖУВАЊЕ
Кога машината треба да се одложи
на период подолг од 30 дена:
1. Оставете го моторот да се излади
2. Откачете ги каблите на акумулаторот
и чувајте на суво и проветрено место.
3. Испразнете го резервоарот за
гориво (пасус 7.2.2) и следете ги
насоките во упатството за моторот.
4. Исчистете ја темелно машината.
5. Проверете дали на машината
има оштетувања. Ако е
потребно, контактирајте со
овластен сервисен центар.
6. Одложете ја машината:
– со спуштена плоча со уредот со сечивото
– во сува просторија
– и засолнета од ложи временски услови
– и покриена со шаторско крило
по можност (пасус 15.4)
– и на место надвор од дофатот на децата.
– уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
Кога треба да ја запалите машината:
• Проверете дали тече бензин од цревото,
отворот за горивото и од карбураторот.
• Поставете ја машината како што е посочено
во поглавјето 6. Употреба на машината".
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
• Кога ја транспортирате машината:
– исклучете го уредот со сечивото;
– поставете ја плочата со уредот со
сечивото во највисоката позиција;
– изгасете го моторот;
• Кога ја носите машината со
возило или на приколка:
– користете пречки за отпор со
соодветна должина и ширина,
– товарете ја машината со изгаснат
мотор, со клучот за палење изваден
од лежиштето на машината, без
управувач и без притисок, ангажирајќи
соодветен број на лица,
– затворете го доводот за гориво
(ако е предвидено).
– спуштете ја плочата со уредот со сечивото
– активирајте ја сопирачката за мирување;
– поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого;
– цврсто блокирајте ја во текот на
транспортот со јажиња или синџири
за да избегнете превртување и можно
оштетување и истекување на горивото.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите
неопходни индикации за управување со
машината и за правилно одржување што ги
извршува корисникот. Сите интервенции
за регулација и одржување што не се
опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и
ги имаат неопходните инструменти со
коишто работата ќе се заврши правилно,
земајќи го во предвид првобитниот степен
на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани
лица придонесуваат да се изгуби секоја
форма на гаранција и секој облик
на обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош
може да ги извршуваат поправките и
одржувањето што се под гаранција.
• Овластените сервисни центри користат
само оригинални резервни делови.
Оригиналните резервни делови и
дополнителна опрема се специјално
дизајнирани за машината.
• Резервни делови и дополнителна
опрема што не се оригинални и не се
одобрени - употребата на неоригинални
резервни делови и дополнителна опрема
ја загрозува безбедноста на машината
и го ослободува производителот од
сите обврски и одговорности.
• Препорачуваме да ја однесете машината
во овластен сервисен центар секојпат кога
треба да се работи на одржување, поправка
или проверка на безбедносните уреди.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на
материјалите и производството. Корисникот
треба внимателно да ги следи сите упатства
кои се дадени до приложената документација.
MK - 23