• Само кај модели со механички пренос:
1. Притиснете го педалот за движење
докрај (пасус 5.4) и ставете ја
рачката на менувачот во позицијата
за 1-ва брзина (пасус 5.5).
2. Држејќи го педалот притиснат (сл. 10.I,
исклучете ја сопирачката (пасус 5.3).
3. Постепено отпуштете го педалот
којшто ќе премине од функцијата
«сопирачка» во «отпор» активирајќи
ги задните тркала (пасус 5.4).
Отпуштањето треба да биде
постепено за да се избегне нагло
спојување што може да доведе до
отпор и загуба на контролата.
4. Постигнете ја постепено саканата
брзина активирајќи ги забрзувачот и
менувачот. За менување од една во
друга брзина, треба да го активирате
отпорот притискајќи го педалот до
половина (пасус 5.4; пасус 5.5).
ВАЖНО Вклучување на движењето
треба да се направи во мирување.
• Само кај модели со
хидростатички пренос:
1. Исклучете ја сопирачката за
застанување и пуштете го педалот
за сопирачката (пасус 5.6).
2. Притиснете го педалот за преносот
(пасус 5.7) во правец «за движење
напред» и постигнете ја саканата
брзина постепено зголемувајќи
го притисокот врз истиот педал
и активирајќи го забрзувачот.
Активирањето на преносот треба
да се одвива согласно дадениот
режим (пасус 5.7) за да се избегне
нагло спојување што може да доведе
до отпор и загуба на контролата.
6.5.2 Сопирање
Прво намалете ја брзината на машината
намалувајќи ги вртежите на моторот, потоа
притиснете го педалот за сопирачката
(пасус 5.4; пасус 5.6) за да ја намалите
брзината додека не застане.
Само кај модели со
хидростатички пренос:
Со внимателно забавување на машината
се постигнува и ослободување на
педалот за погонот (пасус 5.7)
6.5.3 Рикверц
ВАЖНО Вклучување на движењето
назад треба да се направи во мирување.
Само кај модели со механички пренос:
1. Притиснете го педалот (пасус
5.4) за да застане машината.
2. Ставете ја рачката на менувачот во
позицијата за рикверц "R" (пасус 5.5).
3. Постепено отпуштете го педалот
за а го активирате отпорот и да
вклучите движење назад.
Само кај модели со
хидростатички пренос:
1. Притиснете го педалот (пасус
5.6) за да застане машината.
2. Активирајте движење во рикверц
со притискање на педалот за
погонот во рикверц (пасус 5.7).
6.5.4 Косење трева
За да работите се машината,
постапете како што следи:
1. ставете го забрзувачот во позиција
за максимален режим ("зајак"). Оваа
позиција треба да се користи секогаш
кога работите со машината,
2. поставете ја плочата со уредот со
сечивото во највисоката позиција;
3. вклучете го уредот со сечивото
(пасус 5.8) само на терен со трева и
избегнувајте да го вклучувате на терени
со камења или со многу висока трева,
4. регулирајте ја брзината на движење и/или
подигнете ја висината за косење (пасус
5.10) согласно условите на тревникот
(висина, густина и влажност на тревата);
5. вклучете го движењето во тревна
област на постепен начин и многу
внимателно како што е опишано погоре;
ВАЖНО За да може да се движите
наназад со вклучен уред со сечивото,
неопходно е да го притиснете и задржите
копчето за косење во рикверц (пасус 5.9) за
да не предизвикате застанување на моторот.
Секојпат кога ќе се намали бројот на
вртежи на моторот, се намалува и брзината
и нема да се постигне добро косење на
тревата ако брзината е многу голема
соодветно на количината покосена трева.
MK - 15