Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita PDC01 Betriebsanleitung Seite 197

Rückentragbare akku-bank
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PDC01:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 31
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот или батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, тој автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во овој случај, оставете ги
алатот и батеријата да се оладат пред повторно да
го вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Копче за напојување и индикатор
за батерија
ВНИМАНИЕ:
Пред да го вклучите уредот,
осигурете се дека алатот или машината
се исклучени. Во спротивно, алатот или
машината може ненадејно да се стартуваат и да
предизвикаат повреда.
► Сл.5: 1. Ламбичка за главно напојување 2. Копче
за напојување
За вклучување на напојувањето, притиснете го
копчето за напојување. Ламбичката за главно
напојување светнува зелено. За исклучување на
напојувањето, задржете го копчето за напојување
притиснато неколку секунди.
НАПОМЕНА: Доколку уредот или поврзаниот алат
или машина се оставени 8 часа без надзор, уредот
автоматски ќе се исклучи.
Доколку ламбичката за главно напојување трепка
зелено, адаптерот не е поврзан со уредот или
батериите се празни. Во овој случај, поврзете го
адаптерот со уредот или наполнете ги батериите.
Доколку ламбичката продолжи да трепка зелено,
погледнете го решавањето проблеми.
Доколку ламбичката за главно напојување
наизменично трепка црвено и зелено, исклучете
го напојувањето, а потоа вклучете го. Доколку
ламбичката за главно напојување наизменично
трепка црвено и зелено по вклучување на
напојувањето, побарајте го вашиот локален
овластен сервисен центар на Makita за поправка.
НАПОМЕНА: Доколку го вклучите прекинувачот
за главно напојување на алатот или машината
веднаш по вклучување на преносливиот пакет
за напојување, индикаторите на алатот или
машината може да покажат дека системот
работи. Во оваа ситуација, стартувајте го алатот
или машината еднаш. Доколку индикаторите
се исклучат, може да работите на алатот или
машината. Доколку индикаторите сè уште се
вклучени, проверете ја ламбичката за главно
напојување на преносливиот пакет за напојување
и погледнете во делот „РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ"
за да го решите проблемот.
Притиснете го копчето за напојување за да се
прикаже преостанатиот капацитет на батеријата.
Ламбичката на индикаторот што одговора на секоја
од портите за батерија свети околу 5 секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Ламбичката на индикаторот за
преостанатиот капацитет на батеријата е само за
референца. Вистинскиот капацитет на батеријата
може да се разликува зависно од условите на
користење.
НАПОМЕНА: Доколку алатот или машината
имаат ламбичка на индикаторот за преостанатиот
капацитет на батеријата, не погледнувајте
во ламбичките на индикаторот од алатот или
машината, туку во ламбичките на индикаторот од
уредот.
Користење на џебот за адаптер
ВНИМАНИЕ:
кабелот што е прицврстен со помош на кука
или спојка на јамката од џебот за адаптер.
Адаптерите може да ги ставите во џебот за адаптер
како што е прикажано на сликата.
► Сл.6: 1. Адаптер 2. Џеб за адаптер
► Сл.7: 1. Адаптер 2. Џеб за адаптер
197 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
50% до 100%
0% до 50%
Наполнете ја
батеријата.
Не користете го уредов со

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis