Anleitung_BG_PM_51_M_SE_SPK4:_
Секогаш прицврстувајте ги клапната за
исфрлување и вреќата за собирање трева. При
отстранување исклучете го претходно моторот.
Потребно е постојано да се одржува
безбедносното растојание дадено од водечките
рачки меѓу куќиштето на ножот и корисникот.
При косење и промени на насоката на движење
кај џбунови и нагиби потребна е особена
претпазливост. Внимавајте на тоа, да стоите
сигурно, носете обувки со цврсти ѓонови што не
се лизгаат и долги панталони. Секогаш косете
косо од нагибот.
Нагиби со косина над 15 степени не смеат да се
косат со оваа тревокосалка од безбедносни
причини.
Бидете особено претпазливи при движења
наназад и при влечење на косилката. Опасност
од сопнување!
6.3 Косење
Сечете само со остри, уредно функционирачки
ножеви, за тенката трева да не се изреси и
тревата да не пожолте.
Заради постигнување чиста слика при сечењето,
управувајте ја косилката што е можно повеќе во
права патека. Притоа таквите патеки треба да се
преклопуваат за неколку сантиметри, за да не
останат „ленти".
Одржувајте ја долната страна од куќиштето на
косилката чиста и обврзувачки остранувајте ги
талозите од трева. Талозите го отежнуваат
процесот на стартување, влијаат негативно врз
квалитетот на сечењето и исфрлувањето на
тревата. При нагиби, патеката за сечење се
прави косо од нагибот. Одлизгување на
косилката може да се спречи со косо
поставување нагоре. Изберете ја висината за
сечење зависно од фактичката должина на
тревата. Искосете ја тревата повеќепати, така
што наеднаш ќе се изнесува најмногу 4cm трева.
Исклучете го моторот пред вршење каква било
контрола на ножот. Имајте предвид, дека ножот
продолжува да врти уште неколку секунди по
исклучувањето на моторот. Никогаш не се
обидувајте, да го сопрете ножот. Редовно
проверувајте, дали ножот е исправно прицврстен,
се наоѓа во добра состојба и е измазнет.
Измазнете го или заменете го, доколку тоа не е
случај. Доколку ножот што се наоѓа во движење
удри на предмет, сопрете ја косилката и
27.01.2010
13:33 Uhr
Seite 55
почекајте сé додека ножот целосно мирува.
Потоа контролирајте ја состојбата на ножот и на
неговиот држач. Доколку тој е оштетен, мора да
биде заменет.
Упатства за косење:
1. Внимавајте на цврсти предмети.
Тревокосалката би можела да биде оштетена
или да настанат повреди.
2. Жежок мотор, ауспух или погон можат да
предизвикаат изгоретини. Затоа не ги
допирајте.
3. Кај нагиби или стрмно наклонет терен косете
внимателно.
4. Недостаток на дневна светлина или
недоволно вештачко осветлување се причина
за прекинување со косењето.
5. Проверете ја косилката, ножот и другите
делови, кога удриле во туѓо тело или кога
апаратот вибрира посилно од нормалното.
6. Не преземајте никакви промени во
нагодувањето или поправки, без претходно
да го исклучите моторот. Повлечете го
утикачот за свеќицата.
7. На улица или во нејзина близина внимавајте
на сообраќајот. Држете го исфрлувањето на
тревата настрана од улица.
8. Избегнувајте места, на кои тркалата повеќе
не држат или косењето е несигурно. Пред
движење наназад уверете се, дали зад вас не
се наѓаат мали деца.
9. Во густа, висока трева нагодете го
највисокото ниво на сечење и косете
побавно. Пред отстранување трева или други
затнувања, исклучете го моторот и
ослободете го кабелот за палење.
10. Никогаш не отстранувајте делови кои служат
на сигурноста.
11. Никогаш не полнете бензин во мотор што е сé
уште жежок или сé уште работи.
6.4 Празнење на вреќата за собирање трева
Штом во текот на косењето остануваат да лежат
остатоци од трева, вреќата за собирање мора да
биде испразнета.
Внимание! Пред вадење на вреќата за
собирање, исклучете го моторот и сочекајте
додека алатот за сечење да постигне состојба
на мирување.
За вадење на вреќата за собирање со една рака
подигнете ја клапната за исфрлување, а со
другата рака извадете ја вреќата за собирање на
рачката за носење (сл. 4). Соодветно на
безбедносниот пропис, при вадење на вреќата за
собирање клапната за исфрлување паѓа и го
MK
55