номиналниот број на вртежи, може да се
скрши и да се распрска во околината.
e) Надворешниот пречник и дебелината
на приборот мора да бидат во рамките
на капацитетот на алатот. Несоодветна
големина на приборот неможе адекватно да
се заштити и да се контролира.
f) Навојот на монтажниот прибор мора
да одговара на навојот на вретеното на
брусилката. За прибор кој се монтира со
прирабници, отворот на насадот мора да
одговара на пречникот на прирабницата.
Прибор кој не се совпаѓа со монтажната
геометрија на алатот ќе биде небалансиран,
интензивно ќе вибрира и може да
предизвика губење на контрола.
g) Не користете оштетен прибор. Пред секое
користење проверете го приборот, како
нпр., брусната плоча да нема пукнатини,
подложното перниче да нема пукнатини
или да не е изабено, жичаната четка да
не е искубана или да нема искршени
влакна. Ако електричниот алат или приборот
паднал, проверете ги можните оштетувања
или ставете неоштетен прибор. После
проверката и ставањето на приборот,
ракувачот и другите присутни да не стојат
во рамнината на ротирањето на приборот и
електричниот алат да се пушти да работи без
оптеретување околу 1 min. Оштетен прибор
ќе се распадне за ова време.
h) Носете опрема за лична заштитна. Според
видот на работата, користете заштита за
лицето, ракавици или заштитни очила.
Носете маска за прашина, заштита за
слухот, ракавици и облека која штити од
мали отпадоци од брусење или од струшка.
Заштитата за очите мора да биде во состојба
да ги сопре разлетаните делови настанати
при работа. Маската за прашина мора да
биде во состојба да штити од прашина
настаната при работа. Кога сте изложени на
долготрајна бучава носете заштита за слухот.
i) Присутните да бидат оддалечени од
работниот простор. Секој кој влегува во
работниот простор мора да носи заштитна
опрема. Отпадоците од работното парче
или од скршениот прибор може да се
разлетаат и да предизвикаат повреди.
j) Држете го електричниот алат за
изолирани дршки, ако се изведуваат
работи кај кои резниот алат може да
дојде во контакт со скриени жици или со
сопствен кабел. Со пресекување на „жива"
жица и металните делови од електричниот
алат стануваат „живи" и ќе предизвикаат
струен удар кај ракувачот.
k) Кабелот да е подалеку од вртливиот
прибор. Ако ја изгубите контролата врз
алатот, можете да го пресечете или да го
зафатите кабелот и рацете да ви бидат
зафатени од вртливиот прибор.
l) Алатот да не го одложувате додека
приборот не престане да се врти.
Вртливиот прибор може да дојде во контакт
со површината на која се одложува и ќе се
изгуби контрола врз алатот.
m) Алатот не смее да работи кога се
пренесува. Со случаен допир со приборот
ќе ви се зафати облеката и ќе се повредите.
n) Редовно чистете ги отворите за
вентилација. Вентилаторот вовлекува
прашина и при големи наслаги на метална
прашина може да дојде до куса врска.
o) Не работете со алатот во близина на
запаливи материјали. Искрите можат да ги
запалат овие материјали.
p) Не користете прибор за кој треба разладно
средство. Користење на вода или разладно
средство ќе предизвика струен удар.
Причини за повратен удар и
предупредувања
Повратен удар е моментна реакција на
заклинета ротирачка брусна плоча, подложно
перниче, четката или друг прибор. При
заклинување доаѓа до брзо сопирање
на ротирачкиот прибор и на тој начин
електричниот алат се задвижува во спротивна
насока од ротирањето, во точката на допирот.
171