OBJ_BUCH-1874-002.book Page 110 Wednesday, November 13, 2013 11:37 AM
110 | Македонски
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
Заштитна хауба за брусење
Ставете ја заштитната хауба 6 на
прифатот од електричниот
апарат, додека кодираните
запци на заштитната хауба не се
поклопат со прифатот. Притоа,
притиснете го и држете го
лостот за отклучување 1.
Притиснете ја заштитната хауба
6 на грлото на вретеното додека
венецот на заштитната хауба не
легне на прирабницата на
електричниот апарат и вртете ја
заштитната хауба додека не
осетите дека се вклопила.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба 6 според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување 1 нагоре и завртете ја заштитната
хауба 6 во саканата позиција.
Секогаш поставувајте ја заштитната хауба 6 така
што сите 3 црвени запци на лостот за отклучување 1
ќе влезат во соодветните отвори на заштитната
хауба 6.
Поставете ја заштитната хауба 6 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Заштитната хауба 6 смее да се врти само со
движење на лостот за отклучување 1! Инаку,
електричниот апарат не смее да се користи и мора
да се предаде на сервисната служба.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 6
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
10.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 10 се монтира како заштитна
хауба 6 за брусење.
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки 17 се
монтира како заштитна хауба за брусење 6.
Дополнителна дршка
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 4.
Зашрафете ја дополнителната дршка 4 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
2 609 007 739 | (13.11.13)
Заштита за дланките
При работа со гумен диск 13 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 12.
Зацврстете ја заштитата за дланки 12 со дополнителната
дршка 4.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 5 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 2, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење зашрафете ја стезната навртка 9 и затегнете ја со
клуч со два отвора.
По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
При работата со ламелеста брусна плоча во вид на
лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки
12.
Гумен диск за брусење
При работењето со гумен диск 13 за брусење
секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 12.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Зашрафете ја тркалезната навртка 15 и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Bosch Power Tools