OBJ_BUCH-3124-001.book Page 177 Thursday, July 20, 2017 2:28 PM
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 62841-1.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично е помало од 70 dB(A).
Вкупна вредност на вибрации а
показатели) и несигурност К утврдена според
EN 62841-1:
2
2
а
<2,5 м/сs
, К=1,5 м/с
.
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 62841 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации се однесува на основната
примена на електричниот алат. Доколку сепак
електричниот алат се користи за други примени, со
различна опрема, со алат за вметнување што отстапува од
нормите или со недоволно одржување, нивото на
вибрации може да отстапува. Ова може значително да го
зголеми оптоварувањето со вибрации во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во целокупниот период на
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како
на пример: одржување на електричните алати и алатите за
вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Полнење на батеријата
(види слика A)
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета.
За да обезбедите најефикасно траење на батеријата, пред
првата употреба наполнете ја до крај.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење. Кога батеријата е празна, се гаси опцијата за
автоматска работа (серво) и уредот може да се користи
мануелно за сите дијаметри на сечење.
Батеријата треба да се принаполни, ако индикаторот за
наполнетост 8 при сечење трепка кратко црвено.
Полнењето почнува штом се приклучи полначот на утикач
и на уредот 10. Во чаурата 5 над рачката.
Bosch Power Tools
Чаурата 5 е достапна само кога безбедносниот
прекинувач 6 е заклучен.
Индикаторот за наполнетост на батеријата 8 Го прикажува
напредокот на полнењето. При полнење, индикаторот
полека трепка зелено. Ако индикаторот за наполнетост
свети зелено, батеријата е наполнета.
(векторски збир на трите
За време на процесот на полнење, дршката на
h
електричниот апарат се затоплува. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од
струја.
Заштитете го полначот од влага!
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Индикаторот за наполнетост на батеријата 8 при употреба
ја прикажува состојбата на батеријата:
Употреба
Откочување (види слика B1)
Деактивирајте го безбедносниот прекинувач 6 со лизгање
наназад. Алатот ќе се отвори и сега е спремен за употреба.
Закочување
После употреба спојте ги рачките и заклучете го
безбедносниот прекинувач 6 со лизгање нанапред. Кога
не се употребуваат градинските ножици, секогаш
заклучете ги.
Позиција на рачката (види слики B2 – B4)
Држете го уредот нанапред, како што е прикажано. Не
држете го уредот наназад за рачките или со прст(и) меѓу
рачките.
Автоматско сечење (серво) (види слика B)
Уредот му помага на ракувачот при сечењето. Тој може да
се користи како обични ножици за режење и со него може
мануелно да се сече без серво се додека не е пречекорен
одреден дијаметар. При поголеми дијаметри се вклучува
интегрираниот серво мотор. Нормално е да се јави бучава
при употреба на сервото.
Сервото работи само додека се притискаат рачките. Без
притискање на рачките, уредот престанува со работа.
Сервото може да се подеси на три нивоа: ниско, средно и
високо. На ниско ниво (a) сервото стартува при поголема
дебелина и/или потврдо дрво (за постари гранки). На
средно ниво (b) сервото стартува при средна дебелина
и/или потврдо дрво (за 1–2 годишни гранки). На високо
ниво (c) сервото стартува веќе при мали дијаметри.
ЛЕД светло
Трајно зелено светло
Трепкаво зелено светло
Едно црвено трепкање
Македонски | 177
Капацитет
≥35%
5 – 35%
0 – 5%
F 016 L81 522 | (20.7.17)