Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GPB Professional 18V-5 C Originalbetriebsanleitung Seite 175

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
(GPB 18V‑5 SC) во правец на стрелките од часовникот, а
за намалување на гласноста свртете го во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста се појавува со вредноста
помеѓу 0 и 30 на екранот. Пред подесувањето или
менувањето на радиостаницата поставете ја гласноста на
пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио
извор поставете ја на средна вредност.
За исклучување на тонот можете кратко да го притиснете
копчето Mute (12). На екранот се појавува приказот
Исклучување на звукот (f).
За повторно да го вклучите тонот, повторно кратко
притиснете го копчето за нечујно или свртете го копчето
Clock (14) (GPB 18V‑5 C) одн. копчето Menu (22)
(GPB 18V‑5 SC) во правецот на стрелките од часовникот.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радиото има
вграден изедначувач.
Нивото на висок тон и басот можете да ги промените
рачно или да ги користите претходните подесувања на
бојата на тонот за различни стилови музика. Може да ги
изберете претходно програмираните поставки JAZZ,
ROCK, POP и CLASSIC како и самопрограмирачката
поставка CUSTOM. Поставките на звукот одделно се
зачувуваат за секој аудио извор.
За да изберете некое од зачуваните претходни
подесувања за бојата на тонот, кратко притискајте на
копчето Equalizer (20) додека на екранот не се појави
саканата поставка во приказот за претходни подесувања
за бојата на тонот (i).
Промена на поставката CUSTOM:
– Можете да го поставите нивото на висина и длабочина
на звукот во опсег од −5 до +5.
– Притискајте на копчето Equalizer (20) подолго од
0,5 s. На приказот за претходни подесувања за бојата
на тонот (i) на екранот се појавува CUSTOM.
– GPB 18V‑5 C: На приказот за висок тон/бас (d) се
прикажува TRE, актуелната вредност на нивото на
висок тон трепка. Притиснете го копчето Clock (14), за
да го промените нивото на висок тон. Притискајте го
копчето Clock (14), за да ја зачувате поставената
вредност.
На приказот за висок тон/бас (d) сега се прикажува
BAS како и актуелната вредност на басот. Променете
го и зачувајте го нивото на бас како што е опишано за
високиот тон.
– GPB 18V‑5 SC: На мултифункционалниот приказ (k) се
прикажува <Treble> и актуелната вредност на нивото
на висок тон. Притиснете го копчето Menu (22), за да
го промените нивото на висок тон. Притискајте го
копчето Menu (22), за да ја зачувате поставената
вредност.
На мултифункционалниот приказ (k) сега се
прикажува <Bass> како и актуелната вредност на
басот. Променете го и зачувајте го нивото на бас како
што е опишано за високиот тон.
Bosch Power Tools
– По зачувување на поставката за бас одн. 10 s по
последното притискање на копчето Clock (14)/копчето
Menu (22) радиото се враќа на стандардниот приказ на
екранот.
Бирање на аудио извор
За да изберете аудио извор притискајте го копчето
Source (18) додека на екранот не се прикаже саканиот
внатрешен одн. надворешен аудио извор:
– DAB: дигитално радио преку DAB+ (GPB 18V‑5 SC),
– FM: аналогно радио преку FM,
– AUX: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер)
преку 3,5 mm конектор AUX IN (10) во преградата за
медиумски датотеки,
: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон)
со врска преку Bluetooth®.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот
аудио извор (h) одн. приказот Bluetooth® (g).
Поставување/зачувување на DAB+-радио станица 
(GPB 18V‑5 SC)
За избор на радио станици со аудио извор DAB+
притискајте го копчето Source (18) додека во приказот
аудио извор не се појави (h) DAB.
По кратка иницијализација, се репродуцира последната
поставена радио станица.
Името на станицата се појавува во горниот дел од
мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни
информации ќе се прикажуваат во долниот дел од
мултифункционалниот приказ, може да се постави во
функцијата на менито.
– За Промена на станицата вртете го копчето
Source (18) додека саканата станица не се прикаже на
екранот. Притиснете го копчето Source (18) за да го
потврдите изборот. Радиото менува до избраната
станица.
Алтернативно за промена на станицата можете да го
притиснете копчето за пребарување наназад (13) или
копчето за пребарување нанапред (19).
– За зачувување на подесена станица притиснете го
копчето за зачувување на програма (17) на саканото
место на зачувување додека не се појави бројот на
местото на зачувување во приказот место на
зачувување (c).
– За репродукција на зачувана станица кратко
притиснете на едно од копчињата за зачувување на
програма (17). Бројот на местото на зачувување се
појавува во приказот место на зачувување (c).
Напомена: ако имате проблеми со приемот, можете
рачно да го започнете пребарувањето на DAB+-
станицата. За таа цел, изберете или <Auto Scan> во
менито или истовремено притиснете го копчето за
пребарување наназад (13) и копчето за пребарување
нанапред (19). По завршувањето на пребарувањето на
станици, 4 станици се зачувуваат на местата на
зачувување на програма од 1 до 4. Веќе зачуваните
станици се презапишуваат.
Македонски | 175
1 609 92A 5RG | (30.09.2020)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gpb 18v-5 c professionalGpb 18v-5 sc professionalHeavy duty gpb professional 18v-5 cHeavy duty gpb professional 18v-5 scGpb professional 18v-5 sc3 601 da4 0 ... Alle anzeigen

Inhaltsverzeichnis