Herunterladen Diese Seite drucken

EINHELL 41.396.95 Originalbetriebsanleitung Seite 37

Aufblas-adapter-set, 8 tlg.

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
4. Употреба
Опасност! Прицврстете ги адаптерите (3, 4,
5) целосно на конекторот (6), во спротивно
постои опасност додека се во погон истите да
се изместат (слика 3-5).
На следниот преглед можете да ја видите
исправната употреба на адаптерите за
различни вентили.
Игла за топка (слика 1)
Подрачје на употреба: за пумпање топки.
Иглата за топки може да биде употребувана
за пумпање различни видови топки.
Препорака: за да се избегнат оштетувања на
вентилот, пред внесувањето потребно е малку
да ја натопите иглата.
Вентил-адаптер (слика 2)
Подрачје на употреба: одговара за вентили
на гуми од велосипеди.
Вентил-адаптерот овозможува едноставно
пумпање на гуми од велосипеди.
Адаптер 3 (слика 3)
Подрачје на употреба: за сите вентили со
внатрешно Ø почнувајќи од 8 mm.
Овој адаптер можете да го употребувате, на
пример, за душеци на пумпање, базени како
и за чамци.
Препорака: внесете го адаптерот 3 во
вентилот, како што е прикажано на слика 3,
скица d.
Важно! Клапната на вентилот мора да биде
малку подотворена со соодветна компресија.
Адаптер 4 (слика 4)
Подрачје на употреба: за вентили со
навртување.
Овој адаптер можете да го употребувате за
сите обични чамчиња што се во продажба,
кајаци или други големи артикли, како на
пример базени, коишто се опремени со
вентил на навртување.
Адаптер за испуштање воздух
(слика 5)
Подрачје на употреба: за вентили за
испуштање воздух
Вентил за испуштање воздух можете да
најдете заедно со други вентили (стандарден
вентил, вентил за навртување,...) на голем
број артикли со голем волумен, како на
пример на кревет на пумпање.
Anl_Aufblas_Set_8tlg_SPK4.indb 37
Anl_Aufblas_Set_8tlg_SPK4.indb 37
MK
Конусен универзален адаптер (сл. 6-7)
Област на примена: Универзалниот адаптер
може да се користи за полнење воздушни
душеци и слично.
5. Чистење, одржување и нарачка
на резервни делови
5.1 Чистење
Ви препорачуваме да го чистите апаратот
директно по секоја употреба.
Чистете ги додатоците по секоја употреба
со соодветно средство. (почитувајте ги
упатствата на супстанците за обработка.)
5.2 Одржување
Во внатрешноста на апаратот не постојат
делови, за кои е потребно одржување.
5.3 Нарачка на резервни делови:
При нарачката на резервни делови потребно
е да се наведат следните податоци:
Тип на апаратот
Број на артикл на апаратот
Идент. број на апаратот
Број на резервен дел за потребниот
резервен дел
Актуелни цени и информации можете да
најдете на www.Einhell-Service.com
6. Отстранување и рециклирање
Овој апарат се наоѓа во пакување за да
се спречат оштетувања при транспортот.
Пакувањето претставува суровина и може
да биде повторно употребено или да биде
вратено во циклусот за обработка на
суровините. Овој апарат и неговите додатоци
се состојат од различни материјали како на
пример метал и пластики. Дефектни апарати
не се отстрануваат во ѓубре за домаќинства.
Заради соодветно отстранување апаратот
треба да биде предаден во соодветни
собирни центри. Доколку не ви е познато
дали има собирен центар, информирајте се во
градската управа.
- 37 -
30.05.2022 10:06:07
30.05.2022 10:06:07

Werbung

loading