Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch Heavy Duty GCM 305-254 D Professional Originalbetriebsanleitung Seite 282

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
282 | Македонски
Ако се користат поврзани уреди за вадење
u
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
Не дозволувајте искуството стекнато со честа
u
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Не го преоптоварувајте електричниот алат.
u
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
Не користете електричен алат ако не можете да го
u
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
1 609 92A 8HX | (23.03.2023)
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за аголни пили
Аголните пили се наменети за сечење дрво или
u
слични производи, не може да се употребуваат со
абразивни дискови за сечење на обоени метали,
како на пр. шипки, прачки, шајки и др. Абразивната
прашина предизвикува блокирање на ротирачките
делови, како што е долниот штитник. Искрите од
абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот и
пластичните делови.
Користете стегачи за држење на делот што се
u
обработува кога постои можност. Ако го потпирате
делот што се обработува со рака, раката постојано
мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm
од двете страни на сечилото од пилата. Не ја
користете оваа пила за сечење на многу мали
парчиња што не може безбедно да се зацврстат или
да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу
блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност
од повреда ако го допрете сечилото.
Делот што се обработува мора да биде статичен и
u
прицврстен, или да се држи и за граничникот и за
масата. Не го ставајте делот што се обработува во
сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен
или неприцврстен дел што се обработува може да се
отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.
Притиснете ја пилата низ делот што се обработува.
u
Не ја влечете пилата низ делот што се обработува.
За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и
повлечете ја преку делот што се обработува без
сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата
на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со
повлекување на пилата додека сечете сечилото може
да се искачи на врвот на делот што се обработува и
силно да го отфрли склопот на сечилото кон
операторот.
Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија
u
за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење
на делот што се обработува со вкрстени раце т.е.
држење на делот на десната страна од сечилото на
пилата со лева рака или обратно е многу опасно.
Не посегнувајте зад граничникот на растојание
u
помало од 100 mm од двете страни на сечилото за
да ги отстраните дрвените остатоци или заради
друга причина додека сечилото ротира. Може да не
забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и
може сериозно да се повредите.
Разгледајте го делот што се обработува пред да
u
започнете со сечење. Ако делот што се обработува
е накривен или навален, прицврстете ја
надворешната навалена страна на граничникот.
Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis