Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Чистење И Одржување - Gorenje TG1800SB Gebrauchsanleitung

Tischgrill
Inhaltsverzeichnis

Werbung

По готвењето
1. Свртете го копчето за контрола на температурата во позицијата „min".
2. Исклучете го апаратот од струја.
3. Извадете ја склопката за контрола на температурата и за напојување.
4. Кога плочата за скара целосно ќе се излади, извадете ја постапувајќи на следниов начин:
- прво, подигнете го левиот крај на плочата за скара (отспротива на склопката за контрола на
температурата и за напојување);
- потоа, лизгајте ја плочата за скара кон подигнатиот крај сѐ додека двете спојни иглички на
спротивната страна не излезат од двете дупки во садот за капење;
- на крајот, подигнете ја плочата за скара на другиот крај (т.е. крајот каде што е поврзана
склопката за контрола на температурата и за напојување) и извадете ја.
4. Исчистете го апаратот следејќи ги упатствата во делот „ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ".
Чистење и одржување
1. Плочата за скара одржувајте ја без остатоци или дамки.
2. Извадете го апаратот од струја откако ќе го исклучите.
3. Плочата за скара се чисти само со мека крпа натопена со раствор од неутрален детергент,
откако апаратот целосно ќе се излади.
4. За превртување на храната при готвење се користи дрвена лажица или бамбусово стапче. Ве
молиме не користете метални стругалки или лопатки.
5. Избришете го апаратот со крпа натопена со вода.
6. Исчистете ги сите дамки од масло со раствор од неутрален детергент.
7. Деловите исчистени со детергент мора да се исплакнат со вода, а потоа да се исушат со
мека и сува крпа.
8. Храната од празниот простор во куќиштето отстранете ја со чепкалка за заби.
9. За да избегнете струен удар или дефект, не потопувајте го целото куќиште во вода.
10. Исчистете ги плочата за скара, капакот на вентилаторот и садот за капење со сунѓер и
неутрален детергент, потоа исплакнете ги со вода и исушете ги со сува крпа.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Апаратот по истекување на векот на траење не фрлајте го заедно со вообичаени отпадоци од
домаќинство, туку оставите го во официјално собирно место за рециклирање. Со тоа ќе
придонесете да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
За информации или во случај на тешкотии обратите се до центарот на Gorenje за помош на
корисници во вашата држава (телефонски број ќе најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако
во вашата држава нема таков центар, обратите се до локалниот продавач на Gorenje или до
одделение за мали апарати за домаќинство на Gorenje.
Само за лична употреба!
ВИ ПОСАКУВА ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ УПОТРЕБА НА
GORENJE
ВАШИОТ АПАРАТ!
Си придржуваме право до измени!
21

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis