240 | Македонски
Брусен лист
Материјал
– Боја
– Лак
– Материјал за полнење
– Шпахтел маса
Ставање/менување на брусниот лист на основната
брусна плоча
Основната брусна плоча (15) е опремена со леплива
лента, така што брусните листови со леплива лента може
брзо и едноставно да се прицврстат.
Истресете ја лепливата лента од основната брусна
плоча (15) пред да ја наместите на брусниот лист (16), за
да овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист (16) ставете го израмнето на едната
страна од основната брусна плоча (15), потоа поставете
го брусниот лист на основната брусна плоча и притиснете
го добро.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
За вадење на брусниот лист (16) фатете го за врвот и
извлечете го од основната брусна плоча (15).
Може да ги користите брусните листови, крпи за
полирање и чистење од серијата Delta 93 mm од Bosch-
програмата на опрема.
Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на брусната плоча.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
1 609 92A 819 | (01.07.2022)
Примена
За брусење на боја
За брусење на претходно намачкана боја (на пр. за
израмнување на нерамнини од четката, капки боја и
извалкани места)
За крајно брусење на основната боја пред лакирање фино
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика A)
Всисувачот за прав (14) е наменет само за работење со
основна брусна плоча (15), не може да се комбинира со
други алати за вметнување.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
За да го монтирате всисувачот за прав (14) (опрема)
извадете го алатот за вметнување.
Вметнете го всисувачот за прав (14) до крај преку
прифатот за алат (7) на затезното грло на електричниот
алат. Свртете го всисувачот за прав во посакуваната
позиција (не директно под електричниот алат).
Притиснете го затегнувачкиот лост (17), за да се фиксира
всисувачот за прав.
Вметнете го адаптерот за всисување (19) на цревото за
всисување (20) на млазниците за всисување (18).
Поврзете го цревото за всисување (20) со всисувач за
прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различни всисувачи за
прав ќе го најдете на графичката страница.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија (3) вметнете ја во дршката, додека
не се вклопи и не легне рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
Гранулација
грубо
40
60
средно
80
100
120
180
240
320
400
Bosch Power Tools