Употреба
Ставање во употреба
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
u
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте силни удари на мерниот уред.По силни надворешни влијанија на
u
мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на
точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред", Страница 291).
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете кратко на копчето за вклучување-
исклучување (8) или на мерното копче (4). При вклучувањето на мерниот уред,
ласерскиот зрак сè уште не е вклучен.
За исклучување на мерниот уред притиснете долго на копчето за вклучување-
исклучување (8)
Доколку околу 5 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тогаш тој се
исклучува автоматски заради заштита на батериите.
Процес на мерење
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на
должинско мерење. Може да подесувате други мерни функции со
повеќекратно притискање на копчето (3) или копчето за
навигација (7) [+] или (2) [–] (види „Мерни функции",
Страница 286).
По потврдување на мерната функција со копчето за мерење (4)
се вклучува ласерскиот зрак.
Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е избран задниот раб на
мерниот уред. За промена на референтното ниво (види „Избирање на референтно
ниво (види слики A–B)", Страница 286).
Поставете го мерниот уред со избрано референтно ниво на саканата мерна линија
(на пр. ѕид).
Bosch Power Tools
Македонски | 285
1 609 92A 7LP | (02.05.2022)