при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Обем на испорака
За тоа внимавајте на приказот на обемот на
испорака на почетокот на упатството за
употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтирано сечило на пилата
– Транспортна дршка (3), 2 завртки за монтажа
– Столарска стега (30)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (44)
– SDS-завртка (63)
– Граничник за должина (46), 1 завртка за монтажа
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
– Прстенест или вилушкаст клуч (големина: 10 mm)
Активирање на Bluetooth® Low Energy
модул GCY 42
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Активирање на копчеста батерија
– Извадете го капакот Bluetooth® Low Energy
модул GCY 42 (6).
– Извадете ја изолацијата помеѓу копчестата батерија и
Bluetooth® Low Energy модулот GCY 42.
– Затворете го капачето (6) за да спречите влегување
нечистотија.
Извадете го капакот за Bluetooth® Low Energy
u
модулот GCY 42 на електричниот алат, на пр. со
одвртувач или со голема монета. Со употребата на
несоодветни предмет може електрониката или капакот
да се оштетат.
Bosch Power Tools
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Монтирање на транспортната дршка (види слика A1)
– Зацврстете ја транспортната дршка (3) со
приложените завртки во предвидените навои.
Монтирање граничник за должина (види слика A2)
– Зацврстете го граничникот за должина (46) со
приложената завртка во предвидениот навој лево или
десно од масата за сечење (17).
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика B1−B2)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (28).
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на работна маса на Bosch
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на
електричниот алат на секоја подлога со помош на
ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за
делот што се обработува на работната маса служат како
потпора на подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!) (види
слика B3)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот алат на рамна и стабилна
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување.
Без заштитата од превртување, електричниот алат
u
нема да биде стабилен и може да се преврти при
сечење на максимални хоризонтални и/или
вертикални агли на закосување.
Македонски | 401
1 609 92A 7ED | (21.12.2021)