Означување на поставката за вртежен момент (види
слика F)
Секогаш користете го електричниот алат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, можете да го замените прстенот за обележување
(16) со прстен за обележување во друга боја.
– Притиснете го прстенот за обележување (16) со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
Приказ за завртувања (зелена/црвена LED светилка)
Со постигнување на претходно поставениот вртежен
момент, спојката за исклучување се отпушта. LED-
приказот (8) свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот (8) свети црвено и се слуша
звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се
изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира
спојката за исклучување, моторот се исклучува.
Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди
пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување
на веќе фиксираните спојници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Подмачкување на електричниот алат
средство за подмачкување:
Специјална маст за погони (225 ml)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Моликотна маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето
со растворувач. Следете ги напомените на
производителот на растворувачот за користење и
фрлање. На крај подмачкајте го куќиштето со
специјална маст за погони од Bosch. Повторете го
процесот на чистење по околу 300 работни часа од
првото чистење.
– Подмачкајте ги подвижните делови на спојката за
исклучување по 100000 завртувања со неколку капки
моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги
лизгачките делови и оние што се тркалаат со
моликотна маст. Проверете дали е изабена спојката,
Bosch Power Tools
за да се осигурате дека нема да влијае на
повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да
се постави вртежниот момент на спојката.
Одржувањето и поправката треба да се изведуваат
u
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и сигурно.
Средствата за подмачкување и чистење отстранете
u
ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на
законските прописи.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
Македонски | 171
1 609 92A 6N1 | (10.01.2022)