Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GOS 10.8 V-LI Professional Originalbetriebsanleitung Seite 94

Akku-inspektionskamera
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GOS 10.8 V-LI Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1311-004.book Page 94 Thursday, September 12, 2013 1:56 PM
94 | Македонски
Употреба
 Заштитете го рачниот уред 1 и батеријата 10 од
влага и директно изложување на сончеви зраци.
Кабелот за камерата, главата на камерата и
продолжетокот се водоотпорни до 10 м длабочина,
доколку правилно се монтираат. Рачниот уред и
батеријата не се заштитени од вода, при контакт со вода
постои ризик од електричен удар или оштетување.
 Не ја изложувајте камерата за проверка на
екстремни температури или осцилации во
температурата. Напр. не ја оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата,
оставете ја камерата за проверка најпрво да се
аклиматизира, пред да ја ставите во употреба.
 Не ја користете камерата за проверка, доколку
леќата на главата од камерата 7 е замаглена.
Исклучете ја камерата за проверка, дури откако
влагата ќе испари. Инаку, камерата за проверка може
да се оштети.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашата камера за
проверка. Користењето друг вид батерии може да
доведе до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашата камера за проверка може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на камерата за
проверка.
Наполнетата батерија 10 вметнете ја во дршката, додека
не се вклопи и не легне рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
За вклучување на камерата за проверка притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 3. На екранот 5 ќе се
прикаже сликата снимена од главата на камерата 7.
За исклучување на камерата за проверка, одново
притиснете го копчето за вклучување-исклучување 3.
Доколку не се притисне копче на камерата за проверка
околу 20 мин, таа автоматски се исклучува заради заштита
на батеријата.
Регулирање на светлата на главата на камерата
За да ја осветлите сликата на камерата на екранот 5, може
да ги вклучите светлата 9 на главата од камерата и да ја
регулирате осветленоста.
За да ги вклучите светлата на камерата 9 и да ја зголемите
осветленоста притискајте на копчињата „+" 2 додека не ја
постигнете саканата осветленост.
 Не погледнувајте директно во светлата 9 и не ги
насочувајте истите кон други лица. Светлината на
светлата може да ги заслепи очите.
За намалување на осветленоста и за исклучување на
светлата на камерата 9 притискајте го копчето„–" 4,
додека не ја постигнете саканата осветленост одн. додека
не се исклучат светлата.
1 609 92A 0B4 | (12.9.13)
Совети при работењето
Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а
особено внимавајте на пречките или опасните места.
Свиткајте го кабелот на камерата 6 така што главата на
камерата ќе може лесно да се воведе во околината која
треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на
камерата.
Осветленоста на светлата на камерата 9 прилагодете ја на
тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пр. кај
предметите што имаат јака рефлексија, може да се
постигне подобра слика со помалку светло.
Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно,
тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу
главата на камерата 7 и преметот.
Свиткајте го кабелот од камерата 6 по потреба, така што
сликата на камерата ќе се прикаже вертикално на екранот 5.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
0 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Не го потопувајте рачниот уред 1 во вода или други
течности.
Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за
проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите други
помошни средства темелно, особено доколку сте
работеле во области со супстанци опасни по здравјето.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Особено редовно чистете ја леќата на камерата 8 и
внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на камерата за проверка.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gos 10,8 v-li professional

Inhaltsverzeichnis